ПУТИН ГО ИЗНЕНАДИ КУШНЕР СО ДОСИЕТО НА НЕГОВИОТ ДЕДО Зетот на Трамп ја сфатил пораката на гестот

Документите содржеле детали за борбата на Јозеф Берковиц, дедото на Кушнер, против нацистите за време на Холокаустот. Зетот на Трамп го протолкувал гестот како потсетување на заедничката борба на САД и некогашниот Советски Сојуз против нацизмот.

10

Претседателот на Русија Владимир Путин му покажал на американскиот специјален пратеник Џаред Кушнер архивско досие за неговиот дедо, кој учествувал во партизанскиот отпор против нацистите за време на Втората светска војна.

Необичниот момент од дипломатските разговори го откри самиот Кушнер во интервју за „Њујорк магазин“, пренесува „Дејли бист“.






Документите од рускиот државен архив содржеле детали за борбата на Јосиф Берковиц, дедото на Кушнер, против нацистите за време на Холокаустот.

Зетот на американскиот претседател Доналд Трамп го протолкувал гестот како суптилно потсетување на заедничката борба на Советскиот Сојуз и на САД против нацизмот.

Фото: Рае и Јосиф Берковиц

Зборувајќи за преговорите за Украина, Кушнер оцени дека „главната награда“ не е само завршувањето на војната, туку „нов почеток во односите меѓу Русија и Европа, во кои нема да ја има таа постојана агресија“.

Според него, таквиот развој би им овозможил на луѓето да живеат во мир и да соработуваат на економски план.

Путин на 12 ноември во Кремљ се сретна со Кушнер и со специјалниот пратеник на Белата куќа, Стив Виткоф. Помошникот на рускиот претседател, Јуриј Ушаков, ги оцени разговорите како содржајни, конструктивни, отворени и корисни.

Поврзани содржини