„ЗВУЧИ РЕАЛНО СО ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА“ Весник плати 200.000 евра отштета за лажно интервју со Шумахер

Магазинот на својата насловна страница на изданието од 15 април минатата година објави фотографија од насмеан Шумахер со наслов: „Михаел Шумахер, прво интервју“. Поднасловот гласеше „Звучи измамливо реално“, а во текстот пишуваше дека цитатите се направени со помош на вештачка интелигенција.

169

Семејството на седумкратниот светски шампион во Формула 1, Михаел Шумахер, доби паричен надоместок во износ од 200.000 евра од издавачот на германски магазин кој објави „интервју“ со легендарниот германски возач направен со помош на вештачка интелигенција.

Како што денеска јави британската телевизија Скај, портпаролот на семејството ја потврдил пресудата на судот во Минхен и висината на отпремнината што ќе ја плати издавачката куќа на магазинот Актуел (Die Aktuelle).






Уредничката на списанието беше отпуштенa минатата година, а издавачот му се извини на семејството.

Магазинот на својата насловна страница на изданието од 15 април минатата година објави фотографија од насмеан Шумахер со наслов: „Михаел Шумахер, прво интервју“. Поднасловот гласеше „Звучи измамливо реално“, а во текстот пишуваше дека цитатите се направени со помош на вештачка интелигенција.

Поврзани содржини