ЗВЕРЕВ ГО РЕШИ НАДАЛ ПО БРЗА ПОСТАПКА Шпанецот е елиминиран од „Ролан Гарос“

Зверев стана само третиот играч кој го победил Рафа на Френч Опен, по Робин Содерлинг и Новак Ѓоковиќ кои го имаат победено двапати.

394

Рафаел Надал понуди добра борба и прикажа одлична игра во најголем дел од мечот со Александер Зверев, но сепак Германецот се покажа како преголем залак за Шпанецот на стартот на „Ролан Гарос“.

Мечот одеше во тек каков што замислуваше моментално подоброрангираниот тенисер и Зверев имаше одговор за ударите на Надал во сите клучни фази од мечот, па после нешто повеќе од три часа игра, славеше со 6:3, 7:6 и 6:3.

Зверев стана само третиот играч кој го победил Рафа на Френч Опен, по Робин Содерлинг и Новак Ѓоковиќ кои го имаат победено двапати.

Поврзани содржини
na