ЗСО ДА БИДЕ „РЕПУБЛИКА СРПСКА“ ВО КОСОВО Додик инсистира Заедницата на српски општини да има извршни функции

Република Српска не поддржува Србија да ја признае независноста на Косово.

333

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека Заедницата на српски општини (ЗСО) во Косово треба да има извршни овластувања и дека во некои аспекти ќе наликува на Република Српска, јави МИА.

– Без извршни функции, нема смисла да се создаде празна школка која нема никаква цел – рече Додик во интервју за Косово онлајн, пренесе Радио-телевизија РС (РТРС).






Според неговото мислење, разговорите не треба да продолжат „додека не се формира ЗСО во договорениот капацитет, а не како што сега мешетарат Албанците“.

Додик оцени дека француско-германскиот предлог за Косово не се разликува многу од некои во минатото, со оглед на тоа дека се заснова на барањето Србија, макар и премолчено, да го признае Косово.

Според него, српскиот претседател Александар Вучиќ не можел да го одбие документот кога го добил, но, како што оцени, како и секој одговорен државник, морал да одржи јавна расправа.

Додик смета дека Србија ја отфрла можноста на кој било начин да го признае Косово и да даде согласност Косово да влезе во Обединетите нации, така што тоа била премолчена согласност.

Тој понатаму изјави дека Република Српска не поддржува Србија да ја признае независноста на Косово.

Зборувајќи за санкциите против Русија, Додик рече дека невоведувањето санкции против таа земја е „одговор на Република Српска кон нејзините пријатели и инвестирање во иднината“, додавајќи дека „не може да се очекува ништо од Западот, без оглед што нудат демократски живот и економски просперитет“.

-Не ја пропуштаат можноста да побараат воведување санкции, како и да нè привлечат кон себе, да направиме лош чекор кон Русија или кон рускиот претседател Владимир Путин, бидејќи мислат дека е лош – нагласи тој.

Додик негираше дека Русија има влијание врз неговата политика, наведувајќи дека „никој нема влијание врз него, освен српскиот народ“.

Поврзани содржини