ЗОШТО ЗАШТИТАТА ОД ВАКЦИНИТЕ НЕ ТРАЕ ВЕЧНО? Научниците велат дека треба да се прави разлика помеѓу ефикасност и ефективност

Иако процентот на ефикасноста на „Фајзер“ вакцината опадна, истражувањата покажаа дека 91,4 отсто од вакцинираните нема да имаат тежок облик на болеста и ќе избегнат хоспитализација.

1,038

Кога за првпат во светот беше претставена вакцината на „Фајзер“, производителите соопштија дека нејзианта ефикасност изнесува огромни 95 отсто, а таа информација многумина ги охрабри да помислат дека конечно е пронајден начин за да се стави крај на пандемијата со коронавирусот. Но, и покрај тоа што постоечките вакцини ги штитат луѓето од компликации при евентуално заразување, сепак, проблемот е во тоа што сè уште е недоволен бројот на вакцинирани во светот за да се создаде колективен имунитет.

Научниците од Израел соопштија дека токму вакцината „Фајзер“ сега покажала ефикасност од 40,5 отсто кај вакцинираните, па ако се споредат процентите од почетокот на пандемијата (95 отсто) и сега, може да се заклучи дека разликата е огромна, но од друга страна, пак, дека ниту едниот, ниту другиот процент не претставува реален ефект од вакцинацијата.






Тоа е така, објаснуваат научниците, затоа што потребно е да се раздвојат поимите „ефикасност“ и „ефективност“ за да може да се сфати огромната разлика во процентите.

Потпретседателката на Центарот за истражувања и иновации во Вирџинија, Лиза Ли, вели дека ефикасност на вакцината подразбира нејзин ефект во идеални и строго контролирани услови, а како што додава, вакцините се инјектирани во ограничен број пациенти и следен е начинот на кој тие делуваат на ширењето на заразата.

– Истражувањата се спроведуваат на основа на тоа колку луѓе и со која брзина се заразуваат во отсуство на вакцина. Многу зависи и од самата заразена личност, односно колку добро или лошо нечиј организам се бори со присуството на вирусот, важно е како организмот реагира на вакцината, дали создава имунолошки одговор или нe – вели Лиза Ли.

Како што објаснува таа, во третата фаза на испотување на „Фајзер“ вакцината учествувале 43.448 луѓе, а 170 од нив имале симптоми на коронавирусот. Само осуммина примиле вакцина, додека 162 примиле плацебо вакцина. Токму ова истражување покажало дека ефикасноста на вакцината изнесува 95 проценти.

Ефикасноста, пак, покажува колку навистина вакцината делува во реалниот свет и надвор од клиничките тестирања.

– Знаете како функционираат работите кога станува збор за масовна примена, во овој случај имунизација. Сите не стигнаа навреме да примат втора доза, имуниот систем се разликува од човек до човек – вели Лиза Ли.

Скоро 200.000 вакцинирани луѓе се заразиле со делта сојот, покажува студијата. Овие резултати се собрани во јуни и јули годинава, кога овој сој стана доминантен. Се покажа дека голем процент од новозаразените се вакцинирани луѓе кои примиле вакцина во јануари или во февруари 2021 година, што укажува на тоа дека ефикасноста на вакцината опаѓа по 6 месеци.

Иако процентот на ефикасноста на „Фајзер“ вакцината опадна, истражувањата покажаа дека 91,4 отсто од вакцинираните нема да имаат тежок облик на болеста и ќе избегнат хоспитализација.

Поврзани содржини