ЗОШТО ЗАКРЕПНА РУБЉАТА? Санкциите направија да скокнат приходите од извозот на руска нафта и гас
Аналитичарите на Bloomberg Economics предвидуваат дека Русија ќе заработи речиси 321 милијарда долари од извозот на енергија оваа година, или над 30 отсто повеќе отколку во 2021 година. Истовремено, Институтот за меѓународни финансии проценува дека минусот на тековната сметка на Русија оваа година би можел да достигне и до 240 милијарди долари.
Целосното закрепнување на рубљата во однос на доларот на светските берзи може да се објасни со повеќе фактори, но еден отскокнува. Во изминатите месец ипол колку што трае војната во Украина, извозот на руска нафта и гас се зголемил, а земјата до крајот на годината ќе заработи над третина, односно над 30 отсто повеќе од овие енергенси во однос на лани, пренесува Б92.
Сепак, Русија истовремено го забележа најголемиот минус на својата тековна сметка од 1994 година и голема инфлација и поскапување. На што се должи ова?
Додека извозот се зголеми, увозот на руските производи и добра во друи земја падна откако САД и нивните сојузници воведоа санкции поради рускиот напад врз Украина. Недостатокот, или по нашки, минусот на тековната сметка на Русија, како најширока мерка за трговските и инвестициските текови, достигна 58,2 милијарди долари минатиот квартал, што е двојно повеќе од 22,5 милијарди долари пријавени една година претходно, соопшти Банката на Русија.
Поради ова Русија мораше да воведе контрола на капиталот, односно да го сопре одливот на рубљи надвор од земјата. Тоа исто така помогна во закрепнувањето на рубљата. Во меѓувреме, се очекуваат уште поголеми приходи од засилениот извоз на гас и нафта.
– Ефектот од санкциите допрва треба да се одрази на извозот – вели Софија Донец, економистка во инвестициската компанија Renaissance Capital во Москва.
Софија проценува дека вишокот изнесувал 19 милијарди долари во март, цел месец од почетокот на војната во Украина.
Аналитичарите на Bloomberg Economics предвидуваат дека Русија ќе заработи речиси 321 милијарда долари од извозот на енергија оваа година, или над 30 отсто повеќе отколку во 2021 година.
Истовремено, Институтот за меѓународни финансии проценува дека минусот на тековната сметка на Русија оваа година би можел да достигне и до 240 милијарди долари.