ЗОШТО ЗА ДЕЛ ОД ЛИДЕРИТЕ НА КОАЛИЦИЈАТА ВРЕДИ, АЛБАНИЈА Е НИВЕН НАЦИОНАЛЕН ТИМ? Трајко Славески прашува која е логиката за ваквото поистоветување

Зошто кога консензуално се договоривме и прифативме дека нашите сограѓани етнички Албанци не се малцинство во Република Македонија, некои нивни лидери самите ги промовираат во малцинство?!, реагира Трајко Славески откако дел од лидерите на коалицијата „Вреди“, коментирајќи го мечот меѓу Албанија и Италија на Европското првенство од пред два дена, за тимот на Албанија напишаа „нашата репрезентација“.

565

Ако матична држава на нашите сограѓани етнички Албанци е Македонија, а не Албанија, според која логика фудбалската репрезентација на Албанија може да биде нивен национален тим, реагира претседателот на Советот на Градот Скопје и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Трајко Славески на мрежата Х откако дел од лидерите на коалицијата „Вреди“, коментирајќи го мечот меѓу Албанија и Италија на Европското првенство од пред два дена, за тимот на Албанија напишаа „нашата репрезентација“.

„Национален тим? Зошто кога консензуално се договоривме и прифативме дека нашите сограѓани етнички Албанци не се малцинство во Република Македонија, некои нивни лидери самите ги промовираат во малцинство?! Разбирливо е за едно малцинство да се поистоветува со институции во матичната држава. Но, ако матична држава на нашите сограѓани етнички Албанци е Македонија, а не Албанија, според која логика фудбалската репрезентација на Албанија може да биде нивен национален тим?“, пишува Славески.

 






А какви беа реакциите на дел од лидерите на Вреди?

„Албанија го стартува со чудо Европското првенство 2024! Во 23. секунда Недим од Полог го започна мечот со 1 гол за нас“, напиша Арбен Таравари.

„Испишавме историја со момчето од Тетово. Мрежата на Италијанците се затресе за само 23 секунди! Секогаш со нашата репрезентација“, напиша лидерот на Беса, Билал Касами, на Фејсбук.

„Во победа и пораз, продолжуваме со нашата репрезентација!“, искоментира претседателот на Демократско движење, Изет Меџити, пренесоа некои медиуми.

Фудбалерот Недим Бајрами, игра во италијанската Серија Б, роден е во Швајцарија, а по потекло е од Тетовско.

Поврзани содржини