ЗОШТО ВИНИСИУС НЕ ТРЕНИРА? Анчелоти конечно проговори за состојбата на Бразилецот

Поради непријатност во петокот, Бразилецот работел во теретана со физиотерапевт.

511

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти објасни зошто напаѓачот Винисиус Јуниор (24) го пропуштил тренингот пред натпреварот од 28. коло на Ла Лига против Виљареал.

– На Винисиус му требаше повеќе одмор. Утре ќе биде достапен, нема никакви проблеми, само замор. Дали играме подобро без Винисиус? Неговото значење е исклучително. Тој е многу важен за овој клуб и немам што да додадам – изјави стручњакот на прес-конференција.






Поради непријатност во петокот, Бразилецот работел во теретана со физиотерапевт.

Оваа сезона Винисиус одигра 38 натпревари во сите натпреварувања, постигна 18 гола и асистираше за уште 11. 

Поврзани содржини