ЗОШТО ВАКЦИНИРАНИТЕ ПАК СЕ ЗАРАЗУВААТ? Овие четири фактори го зголемуваат ризикот

Заштитата од вакцината ќе биде во својот пик две недели откако сте ја примиле втората доза. Но и понатаму имате симптоми по тие 14 дена? Тоа значи дека инфекцијата направила „пробив“ и вие сте пак позитивни. Вашите симптоми може да бидат помалку изразени отколку кај невакциниран човек, а 58 отсто од вакцинираните имаат помала шанса да имаат треска или тешка кашлица отколку невакцинираните.

3,279

Зошто короната сè уште претставува ризик и за целосно вакцинираните и од што зависи тој ризик? Во Британија еден во 500 пациенти се заразил иако бил вакциниран, а се чини дека четири работи придонесуваат за ова. Тие, според професорот Василис од Универзитетот од Источна Англија се типот на вакцината, времето од вакцинацијата, сојот на корона со кој сте во допир и вашиот имунитет, пишува ИФЛ Наука.

Целосно се вакциниравте и можете да се опуштите. Заштитата од вакцината ќе биде во својот пик две недели откако сте ја примиле втората доза. Но и понатаму имате симптоми по тие 14 дена? Тоа значи дека инфекцијата направила „пробив“ и вие сте пак позитивни. Вашите симптоми може да бидат помалку изразени отколку кај невакциниран човек, а 58 отсто од вакцинираните имаат помала шанса да имаат треска или тешка кашлица отколку невакцинираните.






Причините за болеста да биде поблага кај вакцинираните луѓе може да бидат затоа што вакцините, доколку не ја блокираат инфекцијата, се чини дека доведуваат до тоа заразените луѓе да имаат помалку вирусни честички во нивното тело. Сепак, ова допрва треба да се потврди.

1. Вид на вакцина – најмногу штити Модерна, па Фајзер, а најмалку АстраЗенека

Првиот е специфичниот тип на вакцина што сте го примиле и релативното намалување на ризикот што го нуди секој тип. Релативно намалување на ризикот е мерка за тоа колку вакцината го намалува ризикот од развој на ковид-19 во споредба со некој што не се вакцинирал.

Клиничките испитувања покажаа дека вакцината Модерна го намалува ризикот на лицето да развие симптоматски ковид-19 за 94 отсто, додека вакцината Фајзер го намалува овој ризик за 95 отсто. Вакцините Џонсон и Џонсон и АстраЗенек“ се покажаа помалку добри, намалувајќи го овој ризик за околу 66 и 70 отсто соодветно. Заштитата што ја нуди вакцината АстраЗенека може да се зголеми на 81 отсто ако се направи поголема временса пауза помеѓу дозите.

2. Време од вакцинацијата – заштитата трае само шест месеци

Но, овие бројки не ја даваат целосната слика. Станува сè поочигледно дека долгото време од вакцинацијата е исто така важно и е една од причините зошто дебатата за зајакнувачките имунизации расте.

Раните истражувања, сè уште се објавуваат и допрва треба да се прегледаат од други научници. Тие сугерираат дека заштитата од вакцината Фајзер опаѓа шест месеци по вакцинацијата. Друго истражување од Израел, исто така, сугерира дека тоа е така.

3. Варијантите на корона: делта-сој, ламбда-сој

Друг важен фактор е варијантата на вирусот со која се соочувате. Истражувањата за тоа колку штити која вакцина досега се правени и важат за оригиналната форма на коронавирус, не и за соевите и мутациите.

Но, кога се соочуваме со алфа-варијанта, податоците од Јавното здравство во Англија сугерираат дека две дози на вакцината Фајзер помалку заштитуваат, намалувајќи го ризикот од добивање симптоми на ковид-19 на 93 отсто. Против делта, нивото на заштита паѓа уште подалеку, на 88 отсто. Вакцината АстраЗенека исто така е погодена на овој начин.

Студијата за симптомите за ковид-19 го поддржува сето ова. Нејзините податоци за делта-сојот сугерираат дека две до четири недели по добивањето на втората доза со Фајзер, имате околу 87 отсто помала веројатност да добиете симптоми кога се соочувате со овој сој. По четири до пет месеци, таа бројка паѓа на 77 отсто.

4. Вашиот имунолошки систем е најбитен 

Важно е да се запамети дека горенаведените бројки се однесуваат на просечното намалување на ризикот кај населението. Вашиот сопствен ризик ќе зависи од јачината на вашиот имунитет и други фактори специфични за личноста (како на пример колку сте изложени на вирусот, што може да се определи според типот на вашата професија).

Имунолошката кондиција обично се намалува со возраста. Долготрајните медицински состојби, исто така, може да го нарушат нашиот одговор на вакцинација. Постарите луѓе или луѓето со компромитиран имунолошки систем може да имаат пониски нивоа на заштита предизвикана од вакцина против ковид-19, или може да забележат дека нивната заштита побрзо опаѓа.

Луѓето со одредени состојби или со одредени лекови може да генерираат помала заштита од ковид-19 откако ќе се вакцинираат.

Треба ли да се грижите?

Вакцините сè уште значително ги намалуваат шансите за добивање на ковид-19. Тие, исто така, во уште поголем степен штитат од хоспитализација и смрт.

Сепак, Обединетото Кралство планира да им даде зголемена доза на оние кои се најранливи, и исто така се размислува дали засилувачките дози треба да се даваат и на пошироката јавност. Други земји, вклучително и Франција и Германија, веќе планираат да понудат засилувачки дози за групи за кои се смета дека се изложени на поголем ризик од ковид-19.

Поврзани содржини