Зошто вакцината против ХИВ ја чекаме 40 години?
Досега се спроведени пет обемни испитувања за ефикасноста на вакцините против ХИВ, а секоја од нив чинеше повеќе од 100 милиони американски долари и сите се неуспешни.
Сипаниците се искоренија од лицето на земјата по ефикасната глобална кампања за вакцинација. Детската парализа во САД повеќе не е проблем поради развојот и употребата на ефективни вакцини. Денес, милион животи се спасени благодарение на вакцините против коронавирусот.
Кога се појави ХИВ во 1980-те години, Маргарет Хеклер, тогашната министерка за здравство на САД, предвиде дека вакцината ќе биде достапна за две години. Оттогаш се поминати 37, а вакцина сè уште нема.
Роналд Деросијер, професор по патологија на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Мајами, детално ги опишува тешкотиите при развој на ефективна вакцина против ХИВ/СИДА за сајтот „Conversation“.
Според Деросијер, проблемот не е неуспехот на Владата, ниту, пак, недостатокот на финансии, туку во самиот ХИВ, а пред сè во извонредната разновидност на ХИВ соевите и нивната стратегија за избегнување на имунизација.
Досега се спроведени пет обемни испитувања за ефикасноста на вакцините против ХИВ, а секоја од нив чинеше повеќе од 100 милиони американски долари и сите се неуспешни.
– Во што е проблемот? Биолошките карактеристики што ги развива ХИВ го отежнуваат развојот на успешна вакцина. Прва и најважна карактеристика е континуираното размножување на самиот вирус. Многу вакцини не обезбедуваат апсолутна заштита од инфекција, но можат сериозно да го ограничат размножувањето на вирусот. За вакцината против ХИВ да биде ефикасна, таа мора да обезбеди апсолутна бариера за стерилизација, не само да ја ограничи репликацијата на вирусот – објаснува Деросијер.
ХИВ има развиено неверојатна способност за заштита од антитела, па антителата кои се произведени од заразено лице со ХИВ обично имаат многу слаб неутрализирачки ефект врз вирусот. Покрај тоа, овие антитела се спесифични за одреден сој и го неутрализираат вирусот со кој е заразен поединецот, но не и илјадници други соеви кои кружат низ популацијата. Истражувачите знаат како да стимулираат антитела кои ќе неутрализираат еден вид, но не и антитела кои ќе штитат од илјадници соеви.
Научниците неодамна најдоа начин да се постигне доживотно заштитно ниво на антитела. Тоа зависи од вирусниот вектор или векторот наречен – аденоасоциран вирус. Кога векторот се нанесува на мускул, мускулните клетки стануваат фабрики кои континуирано произведуваат силни антитела со широка неутрализација.
Според Деросијер, истражувачите неодамна документирале континуирано производство на антитела кај мајмуни од 6 и пол годишна возраст.