📷 ЗОШТО УГИНА ЗЛАТНИОТ ОРЕЛ ВО СКОПСКАТА ЗООЛОШКА? Објавени се наодите од обдукцијата
„Златниот орел угинал како последица на инфекција. Согласно обдукцијата извршена во Факултетот за ветеринарна медицина, царскиот орел угинал како последица на инфективна етиологија. Обдукцијата покажа дека златниот орел кој угина во Зоолошката градина – Скопје бил со слабо развиена мускулатура“, објави ДПД Кочани.
Добротворното противпожарно друштво Кочани (ДПД Кочани) на својата страница на Фејсбук ги објави наодите од обдукцијата на златниот орел кој угина во Зоолошката градина во Скопје, а претходно беше спасен од ДПД Кочани.
„Златниот орел угинал како последица на инфекција. Согласно обдукцијата извршена во Факултетот за ветеринарна медицина, царскиот орел угинал како последица на инфективна етиологија. Обдукцијата покажа дека златниот орел кој угина во Зоолошката градина – Скопје бил со слабо развиена мускулатура. Од лешот биле земени материјали за патохистолошко испитување, кое покажало дека златниот орел угинал како последица на инфективна етиологија. Рентген снимките не покажале присуство на видливо страно тело. Во прилог на увид го имате целокупниот извештај од обдукцијата, како и рентген снимките“, пишува во објавата на ДПД Кочани.