ЗОШТО ТРЕБА ДА СЕ ЈАДЕ ПАЧА? Го имаме рецептот на шеф Маре Јаневска за ова вкусно и здраво јадење
Ако сте љубител на пача и ви треба изговор за тоа, го имате најдобриот: пачата е здрава, а ние го имаме рецептот на нашата Маре Јаневска која годинава ја приготви за своето семејство во својот нов дом во Германија. Дали вие ја направивте вашата пача годинава?
Утре е Богојавление (19 јануари), денот кој го означува крајот на зимските празници. Денот кога се јаде пача.
Порано, секоја зима мајка ми традиционално подготвуваше пача која стоеше во „ладната соба“. Тоа беше собата во доградениот дел од нашата барака која во зима не ја користевме па на мајка ми ѝ служеше како фрижидер.
Јас традиционално, не јадев пача.
Сепак, иако никогаш не сум била обожавател на пача, отсекогаш ме фасцинирала поради „чудните“ состојки од кои е направена и структурата која изгледа толку футуристички. Мајка ми понекогаш ставаше и тркалца варени јајца кои под желето изгледаа како одлична декорација.
Повеќе за придобивките од консумирањето на ова традиционално јадење, како и рецептот на шеф Маре, побарајте ги на порталот „Арт кујна“.