Зошто сте вакви, во сè гледате задни намери?!
После сите остварени ветувања... Значи, стварно сте неразбрани и заостанати.
Дојдоа на власт со ветување дека нема промена на име и го исполнија ветувањето.
Ветија дека ќе ги уапсат сите што украле државни пари и еден не оставија на слобода, а бројчаникот не престана да врти.
Се колнеа дека од Скопје 2014 нема да остане ништо и ете, го нема. Робијата на Бетка е само плус.
Автопатот Охрид – Кичево го завршија во рокот што си го зададоа.
Рекоа ќе расчистат и ги средија паразитите во јавната администрација.
Јасно и гласно кажаа дека ДУИ е кочничарот на напредокот на земјава и го однесоа Али во опозиција.
Партиските вработувања ги направија минато. За клупите од оградата околу влада ич да не почвам…
И после сѐ ова, се сомневате дека власта има задни намери со мерката за одземање на земјоделско земјиште што не се обработува?! Значи стварно сте неразбрани и заостанати…
(ФБ статус на авторот)