ЗОШТО СОЈОТ „НИ“ ГО СМЕНИ ИМЕТО ВО „ОМИКРОН“? СЗО прескокна две грчки букви во именувањето
„Ни“ премногу лесно се меша со „ново“, а „кси“ не се користеше бидејќи тоа е вообичаено презиме“, велат од СЗО, додавајќи дека „најдобрите практики на агенцијата за именување на болеста сугерираат да се избегне „предизвикување навреда на кој било културни, социјални, национални, регионални, професионални или етнички групи.“
Именувањето на вирусите во медицината може да предизвика главоболки, а кога станува збор за коронавирусот Светската здравствена организација реши да ја следи грчјата азбука: алфа, вита, гама, делта, епсилон, ита, тита … Но, кога дојде редот да проструи името „ни“ на новооткриениот заразен сој во Јужна Африка, тој за брзо време беше сменет во „омикрон“. Зошто СЗО ги прескокна буквите „ми“ и „кси“ во крштевката?, прашува ГлобалЊуз.
Луѓето на социјалните мрежи дава секакви одговори. Некои се прашуваа дали тоа е да се избегне навреда на кинескиот лидер Кси Џинпинг.
Потоа се огласи СЗО. Од таму изјавија дека го прескокнале „ни“ за јасност и „кси“ за да се избегне генерално предизвикување на навреди.
„Ни“ премногу лесно се меша со „ново“, а „кси“ не се користеше бидејќи тоа е вообичаено презиме“, велат од СЗО, додавајќи дека „најдобрите практики на агенцијата за именување на болеста сугерираат да се избегне „предизвикување навреда на кој било културни, социјални, национални, регионални, професионални или етнички групи.“
Тие најдобри практики беа наведени во документ од мај 2015 година издаден од агенцијата. Организацијата тогаш рече дека сака да ги „минимизира непотребните негативни ефекти врз нациите, економиите и луѓето“ при именувањето на заразните болести.
Ова е првпат организацијата да прескокнува букви откако почна да ја користи грчката азбука за варијанти на коронавирус. Претходно ја користеше азбуката за означување на 12 други.
Алфа, бета, гама и делта се сите моментално „варијанти на загриженост“ како омикрон. Ламбда и ми се дадени со помалку сериозна ознака „варијанта од интерес“. Шест други букви беа доделени на поранешните варијанти од интерес.