Зошто славниот пејач изгледа како некој да го претепал? ФОТО+ВИДЕО

883

Обожавателите на еден од најдобрите пејачи на денешницата, се многу запознаени со ова, но многумина беа збунети од имиџот на музичката sвездата Д Викенд, кој се појави во јавноста во завои.

Овој пат се појави на доделувањето на наградите АМА (Американски музички награди) и додека сите се потрудиле да изгледаат средено, пејачот повторно изгледаше како некој да го претепал.






Патем, станува збор за приказна којашто ја разви за сингловите „Blinding Lights“ и „After Hours“, а намерата беше да се предупредат луѓето за опасностите од возењето во пијана состојба.

Пејачот порано оваа година објасни за „Есквајер“: „Blinding Lights“ зборува за тоа како понекогаш среде ноќ сакате да видите некого па пијани седнувате зад воланот, а уличните светла ве заслепуваат. Но, ништо не може да ве спречи за да ја видите таа личност затоа што сте многу осамени. Не сакам да промовирам возење во пијана состојба, но тоа е темната позадина на таа песна.“

Д Викенд беше виден во завои за време на снимањето на почетокот на овој месец, па многумина веруваат дека наскоро може да се појави нов спот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Weeknd (@theweeknd)

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини