ЗОШТО СКОПСКИ „КОМУНАЛЕЦ“ НЕ ГИ ПРАЗНИ КОНТЕЈНЕРИТЕ? Општина Аеродром се жали од игнорантскиот однос на Град Скопје
И покрај фактот дека жителите на Аеродром издвојуваат финансиски средства за оваа намена, градската администрација и градското комунално претпријатие и понатаму продолжуваат со неодговорниот однос кон јавната хигиената во општината, велат од Општина Аеродром.
По десетина ургенции, упатени апели и писмени барања до Градот Скопје, деновиве повторно Аеродром е пренатрупан со отпад. За жал, главните улици и контејнери кои се во надлежност на Градот Скопје повторно се неисчистени и во лоша состојба, велат од Општина Аеродром преку соопштение.
„И покрај фактот дека жителите на Аеродром издвојуваат финансиски средства за оваа намена, градската администрација и градското комунално претпријатие и понатаму продолжуваат со неодговорниот однос кон јавната хигиената во општината. Напоменуваме дека Општина Аеродром е важен и неизоставен дел од градот и во таа насока уште еднаш апелираме до Градот Скопје и јавното претпријатие ‘Комунална хигиена’ да ги преземат сите неопходни мерки за подобрување на хигиената во Аеродром“, се вели во реакцијата.