ЗОШТО ШОЛЦ ДА НЕ ГО ОДНЕСЕ НА КАФЕ БУГАРСКИОТ ПРЕМИЕР КОГА СЕ ОДЛУЧУВА ЗА МАКЕДОНИЈА? Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат зошто СДСМ не интервенира кај нивната сестринска партија

Ако тоа не се случи јасно е дека Бугарија не е единствена причина за блокадата на ЕУ интеграциите, туку криминалот и глупостите на власта, а големите членки на ЕУ тоа го кријат зад Бугарија - велат од ВМРО-ДПМНЕ.

445

Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат зошто од СДСМ не го замолат германскиот канцелар Олаф Шолц, кој доаѓа од нивната сестринска партија, да го извади премиерот на Бугарија, кога се одлучува за преговори за Македонија, како што го замолил унгарскиот премиер Виктор Орбан за случајот со Украина .

„Ако тоа не се случи јасно е дека Бугарија не е единствена причина за блокадата на ЕУ интеграциите, туку криминалот и глупостите на власта, а големите членки на ЕУ тоа го кријат зад Бугарија.






Истовремено искажуваме задоволство од потегот на Унијата со почетокот на преговори на Украина која уште еднаш докажа дека доколку искрено се сака, може да направи сè што е потребно за остварување на сопствените стратешки цели. Гледаме дека ако се сака, сè се може, па дури и преговори со ЕУ на завојувана држава.

Воедно зачудува и човек го остава без зборови нивото на мазохизам на СДС, кои и покрај шамарите кои упорно ги добиваат од Унијата со Извештајот на ЕУ, а последно и со вакви јасни сигнали, дека во земјава има епидемија на корупција и хаосот и нефункционалноста на институциите, тие продолжуваат да молчат и да спроведуваат погубни политики“ –  велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од опозицикста партија истакнуваат дека одговорот за блокадата е затоа што никој не сака да седи со криминалци на маса како што се тие, и затоа секогаш има нови услови.

„СДС и ДУИ го прифатија бугарскиот диктат затоа што се корумпирани и немаат друг адут. Почетокот на преговори за Украина и Молдавија е за поздравување и е доказ дека и Македонија може напред со влада која ќе се бори против криминалот и корупцијата, и ќе се грижи за националните интереси“ – посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Поврзани содржини