ЗОШТО СЕДНИЦАТА НЕ СЕ ПРЕНЕСУВАШЕ ЈАВНО? Со истите обвинители државава стана најкриминална во Европа

Ова се истите обвинители кои прогледуваа низ присти на Ден Дончев и го пуштија да избега откако претходно го виде цела јавност како зема мито. Истите обвинители пуштаа на слобода и се откажуваа од гонење на осудени криминалци, мистериозно од затвор ослободуваа учесници во сообраајни несреќи, не го ни чепнаа Зоран Заев и целиот негов клан за сите тендери во РЕК, Рекети, случајот Дака и десетици други скандали, реагираше опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

157

Истите обвинители кои досега не гонеа и кои штитеа организиран криминал, отсега ќе треба да гонат криминал, реагираше опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Со истите овие обвинители и оваа власт на СДСМ и ДУИ државава стана најкриминална во Европа според сите мерења. Тоа е заслуга на истите обвинители кои денес одново добија функција. Ова се истите обвинители кои прогледуваа низ присти на Ден Дончев и го пуштија да избега откако претходно го виде цела јавност како зема мито. Истите обвинители пуштаа на слобода и се откажуваа од гонење на осудени криминалци, мистериозно од затвор ослободуваа учесници во сообраајни несреќи, не го ни чепнаа Зоран Заев и целиот негов клан за сите тендери во РЕК, Рекети, случајот Дака и десетици други скандали. Поради истите овие обвинители не му фали влакно на Оливер Спасовски кој делеше пасоши на криминалци и мафијаши кои доаѓаат од целиот свет, бандите и наркокартелите од Грчец се посилни од државата благодарение на истите овие обвинители. И Рускоска да одговори зошто изборот на јавни обвинители не беше пренесуван јавно и целиот процес не беше транспарентен? Што сакаа да сокријат со изборот на ваквите обвинители?“, се вели во соопштението на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини