Зошто се вакцинираме токму во мускулот на надлактицата?
Некои од нив, како што се вакцините против ротавирусот, се даваат орално, а трети се инјектираат во поткожното ткиво, како што се вакцини против сипаници, заушки и рубеола.
Милиони луѓе ги засукаа ракавите во последните неколку месеци за да ја примат вакцината против ковид-19, но зошто тие не ги засукаа ногавиците на панталоните, наместо ракавите? И, зошто најчесто ја примаме вакцината во мускулот на надлактицата?
Како вонреден професор на Универзитетот Пурдју со искуство во јавното здравство и како мајка на две деца, Либи Ричардс го слуша ова прашање доста често, па затоа реши да сподели со лаиците што се крие зад тоа.
Прво треба да се каже дека повеќето, но не сите, вакцини се даваат во мускул. Ова се нарекува интрамускулна инјекција, пренесува порталот „ScienceAlert“.
Некои од нив, како што се вакцините против ротавирусот, се даваат орално, а трети се инјектираат во поткожното ткиво, како што се вакцини против сипаници, заушки и рубеола.
Но, зошто е толку важен мускулот и дали е важно местото на пункција? И, зошто вакцината се инјектира во таканаречениот делтоиден мускул, триаголен мускул на рамото?
Мускулното ткиво содржи важни имунолошки клетки
Мускулите се одлично место за вакцинација затоа што нивното ткиво содржи важни имунолошки клетки кои препознаваат антиген, мал фрагмент од вирус или бактерија што се воведува со вакцината и го стимулира имунолошкиот одговор.
Во случај со вакцината против ковид-19, тој не го воведува антигенот, туку дава упатства за производство на антигенот. Имуните клетки во мускулното ткиво собираат антигени и ги презентираат на лимфните јазли.
Инјектирањето на вакцината во мускулното ткиво ја одржува локализацијата на вакцината, овозможувајќи имуните клетки да ги предупредат другите имунолошки клетки и да се „фатат за работа“.
Штом имуните клетки во мускулот ја препознаат вакцината, тие го пренесуваат антигенот во лимфните садови, кои потоа ги пренесуваат имуните клетки со антигенот до лимфните јазли.
Лимфните јазли, клучна компонента на нашиот имунолошки систем, содржат повеќе имунолошки клетки кои препознаваат антигени од вакцината и започнуваат имунолошки процес на создавање антитела.
Групите на лимфни јазли се наоѓаат во области близу до местото на вакцината. На пример, многу вакцини се инјектираат во делтоидниот мускул, бидејќи се наоѓа во близина на лимфните јазли лоцирани под пазувите. Кога вакцините се даваат во областа на бутот, лимфните садови не се далеку од групата на лимфни јазли во препоните.
Мускулите ја одржуваат локализацијата на активноста
Во исто време, мускулното ткиво се обидува да ја одржи реакцијата на вакцината локализирана, односно ограничена на одредено место. Затоа, инјектирањето на вакцината во делтоидниот мускул може да резултира со локално воспаление или болка на местото на инјектирање.
Доколку одредени видови вакцини се инјектираат во масното ткиво, шансите за иритација или воспалителни реакции се зголемуваат, бидејќи масното ткиво е помалку снабдено со крв, што резултира со послаба апсорпција на некои компоненти на вакцината.
Вакцините за кои се потребни додатоци или состојки кои го подобруваат имунолошкиот одговор на антигенот мора да се инјектираат во мускулот за да се избегне поголема иритација и воспаление. Овие додатоци работат на различни начини да стимулираат што е можно посилен имунолошки одговор.
Постои уште еден фактор што одлучува кога станува збор за местото на инјектирање на вакцината, а тоа е големината на мускулите.
Возрасни и деца од три години и постари ја примаат вакцината во делтоидниот мускул на надлактицата, а помладите деца вакцината ќе ја добијат во средината на бутниот мускул затоа што мускулите на рацете им се мали и сè уште не се развиени.
Следното прашање во примената на вакцината е за практичноста, вели Ричардс и прашува едно реторикчко: – Можете ли да замислите луѓе да ги соблекуваат панталоните во област за масовна вакцинација? Извртувањето на ракавот е многу поедноставно и поудобно“.
Различни заразни болести, како што се сезонски грип или епидемија со ковид-19, бараат што е можно повеќе луѓе да се вакцинираат преку јавниот здравствен систем во најкус можен рок.
Кога ќе се земат предвид сите горенаведени, во случај на вакцинација против грип или коронавирус, се претпочита мускулот на надлактицата бидејќи тој дел од раката е најлесно достапен за медицинскиот персонал.