ЗОШТО СДСМ СЕГА НЕ МИСЛИ ДЕКА НАПАД ВРЗ ПОЛИЦАЕЦ Е НАПАД ВРЗ ДРЖАВАТА? Новинарот Фуркан Салиу призна дека носел пиштол, реагираше ВМРО-ДПМНЕ

Наместо да води лицемерна политика СДСМ одговорите нека ги побараат во признанието на самиот Фуркан Салиу кој призна дека поседувал оружје, и дека со своето однесување придонел кон ескалација на настаните, реагираше ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

802

Фуркан Салиу сам си призна дека носел пиштол и дека придонел за ескалација на настаните, па зошто сега СДСМ не мисли дека напад врз полицаец не е напад врз државата, реагираше ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Оливер Спасовски од СДСМ во ситуација кога беше нападнат од навивачи, полициски началник изјави дека нападот кон полицаец е напад кон државата. Оттука прашањето до СДСМ, зошто за СДСМ нападот врз полицаец, за кој се сомничи Фуркан Салиу, не е напад врз државата? Што е различно во овој случај? Наместо да води лицемерна политика СДСМ одговорите нека ги побараат во признанието на самиот Фуркан Салиу кој призна дека поседувал оружје, и дека со своето однесување придонел кон ескалација на настаните. Зошто СДСМ е засегната партија во овој случај? Дали СДСМ заговара непочитување на законите? Тоа што се случувало пред 15 години не е никакво оправдување, ниту пак причина да не се сменат работите кои продолжуваат да бидат катастрофални овие 7 години власт на ДУИ и СДСМ“, се вели во соопштението.






Македонија според „Економист“ е хибриден режим сѐ уште, со загрозени права и слободи, додава ВМРО-ДПМНЕ.

„Ова е она на што треба СДСМ да се посвети. Промените доаѓаат. Тоа значи дека народот ќе си ја земе контролата во свои раце. Македонија повторно горда, значи Македонија повторно твоја“, реагираше партијата на Христијан Мицкоски.

НОВИНАРОТ ФУРКАН САЛИУ ОСЛОБОДЕН „Никого не нападнав, ме претресоа незаконски“

Поврзани содржини