ЗОШТО САД НЕ Ѝ ДОСТАВАТ ПОСИЛНИ РАКЕТИ НА УКРАИНА? Зa уривање на мостот во Крим потребен е дострел од 300 километри
Американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан претходно изрази загриженост дека снабдувањето на Украина со ракети АТАКМС може да го ескалира конфликтот и да доведе до светска војна. Кал рече дека причината за нивното неиспраќање е чисто воена и врз основа на извештаите што Украина им ги дава на САД.
За рушење на Кримскиот мост и пресврт во војната во Украина потребни се пoсилни ракети, на пример МГМ-140(АТАКМС) со дострел од 300 километри, кои Киев со месеци ги бара од САД, но наместо тоа добива ГМЛРС кои стигнуваат само до 80 километри. Американски заменик-секретар за одбрана ја реши мистеријата, пишува РТ. Според него, повеќето руски цели се во домет на сегашните ракети. Во спротивно Украинците би можеле да напаѓаат длабоко на руска територија и да предизвикаат светска војна?
– Наша проценка е дека тие во моментов не бараат АТАКМС да ги сервисира целите кои се директно релевантни за тековната борба – рече тој.
– Наша проценка во моментов е дека треба да се фокусираме на ГМЛРС, а не на АТАКМС.

Всушност и двата типа проектили можат да бидат истрелан од ракетниот систем ХИМАРС(М142) и лансерите М270 со кои Западот ја опреми Украина. Дали се работи само за имиџот на САД и сојузниците кои нејќат да ја претстават Украина како земја-напаѓач или навистина не е во нивен интерес да се случи пресврт на Крим?
Мостот на Крим е најдолгиот во Европа и претежно го користат цивилни возила и возови. Киев тврди дека е легитимна воена цел бидејќи може да се користи за испорака на војници и воени материјали на полуостровот.
Американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан претходно изрази загриженост дека снабдувањето на Украина со ракети АТАКМС може да го ескалира конфликтот и да доведе до светска војна. Кал рече дека причината за нивното неиспраќање е чисто воена и врз основа на извештаите што Украина им ги дава на САД.
– Пакетите за помош на Вашингтон се скроени така што ќе им овозможат на украинските војници да продолжат да се борат на долг рок и да управуваат со обезбедените системи за оружје – рече потсекретарот.
– Украина можеби нема да добива милијарди долари меѓународна помош за 10 години од сега или за 20 години од сега – додаде тој.