ЗОШТО ПУТИН ОБЛЕЧЕ УНИФОРМА ПРИ ПОСЕТАТА НА КУРСК? Еве како познат украински експерт ја толкува пораката

Според мене, уште поиндикативно е тоа што Путин за прв пат облече униформа за време на оваа војна. Тоа никогаш не се случило. Ова веројатно е и знак за тоа како Русија ќе реагира на иницијативите, вели украинскиот експерт Максим Камењецки додавајќи дека дефинитивно ќе има 30-дневен прекин на огнот но не за брзо бидејќи, како што вели, Москва ќе постави услови неприфатливи за Киев.

349

Украинскиот експерт за меѓународни односи Максим Камењецки вели дека прекинот на огнот во Украина ќе биде постигнат, но верува дека тоа нема да биде толку брзо. Тој даде и толкување на фактот што рускиот претседател Владимир Путин облече војничка униформа при посетата на Курск во средата.

– Дефинитивно ќе има 30-дневен прекин на огнот, но прашањето е кога? Мислам дека нема да биде брзо, со оглед на тоа што руската страна најверојатно ќе постави услови кои се неприфатливи за украинската страна. Најважното прашање овде е како САД ќе реагираат на војната што ќе продолжи, но не поради Украина – вели Камењецки, кој ја коментираше и ситуацијата во Курск.






Експертот за Н1 Загреб вели и дека руската страна контролира поголем дел од областите таму додека мал дел останале под украинска контрола.

– Според мене, уште поиндикативно е тоа што Путин за прв пат облече униформа за време на оваа војна. Тоа никогаш не се случило. Ова веројатно е и знак за тоа како Русија ќе реагира на иницијативите.

Тој ги коментираше и безбедносните гаранции споменати во веќе постигнатиот таен договор меѓу Русија и САД.

– Безбедносните гаранции се клучно прашање за Украина и не очекуваме тоа да престане дури и ако САД ги прекинат своите испораки. Украина ќе продолжи да соработува и да добива помош од други земји, но според мене е сомнително што тие ќе ја прекинат таа помош – рече Камењецки,

Експертот се осврна на условот на Москва окупираните територии во Украина да бидат меѓународно признаени како руски велејќи дека украинскиот претседател Зеленски веќе го посочил тоа како единствена црвена линија во позицијата на Украина.

– Украина никогаш нема да се согласи на какво било официјално признавање на нашите пет региони во системот на Руската Федерација.

Поврзани содржини