ЗОШТО ПУТИН НЕМА ПРОФИЛИ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ? Песков ја откри вистинската причина за тоа!

Портпаролот Песков, исто така, нагласи дека Кремљ, руската влада и одредени министерства се во обид да го прошират своето присуство на социјалните платформи, како и да ги подобрат напорите кон таа цел.

420

Рускиот претседател Владимир Путин нема време за социјални мрежи и тој е против тоа некој да управува со неговите профили наместо него, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Одговарајќи на прашања на рускиот Источен економски форум, Песков рече дека претседателот Путин нема личен профил на социјалните мрежи и дека причината е недостатокот на време за такво нешто.






– Претседателот Путин не сака да има профили на социјалните мрежи и тие да ги управува некој друг во негово име, бидејќи смета дека тоа не би било правилно – додаде портпаролот на Кремљ.

Портпаролот Песков, исто така, нагласи дека Кремљ, руската влада и одредени министерства се во обид да го прошират своето присуство на социјалните платформи, како и да ги подобрат напорите кон таа цел.

Поврзани содржини