ЗОШТО ПОРАНО ЛУЃЕТО БИЛЕ ПОЗДРАВИ?! Наместо шеќер, користеле маџун, наместо лекови, чашка ракија секое сабајле

Ако постојано се прашувате зошто нашите претци биле поздрави од нас, една од причините е и тоа што наместо шеќер, користеле маџун, а наместо лекови, по чашка домашна ж’та за да им тргне денот. Велат дека со маџун ги хранеле и бебињата зашто сметале дека е хранлив како мајчиното млеко. Токму така го опишуваат својот маџун од семејната винарија Захарчеви чии членови со генерации ја одржуваат традицијата – го употребуваат буквално секаде каде што инаку се става шеќер или мед.

902

Дали има некој што никогаш не пробал маџун? Веројатно има, иако станува збор за производ кој е стар исто колку и лозарството и производството на вино во нашите краишта, а особено во Тиквешијата. А според археолошките истражувања во овој регион, одгледувањето на виновата лоза има традиција стара повеќе од 2000 години.

Искрено, до пред некоја година и јас немав поим што е маџун иако првите соседи ни беа кавадарчани. Ама тие одамна дошле во Скопје и имаа месарница, а не маџун. Дури подоцна кога поради работата почнав да одам во Кавадарци, на закројување на лозја, на гроздобер, на „Гроздоберче“, на панаѓур и на маскенбал, на пазар и на чорба и, се разбира, во посета на некои од малите семејни винарии, првпат, освен што јадев највкусно грозје, ја пробав најдобрата ракија, најдоброто вино и превкусни пишии, пробав и маџун.






Целиот текст прочитајте го на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини