ЗОШТО ПОЧИНАЛО ДЕТЕТО ВО БЕЛГРАДСКАТА ГРАДИНКА? Педијатрите се сомневаат на синдром на ненадејна смрт кој е почест кај момчињата
Иако сѐ уште нема официјални информации за причината за смртта на едногодишното момче кое почина во градинката во Нов Белград, педијатрите се сомневаат дека може да станува збор за синдром на ненадејна смрт. Пред неколку години овој синдром беше причина за смртта на тригодишното синче на српскиот актер Срѓан Жика Тодоровиќ
Детето кое починало во градинка во Нов Белград имало една година, а според неофицијалните информации, телото ќе биде испратено на обдукција, со цел да се утврди точната причина за смртта.
Српскиот педијатар д-р Саша Миличевиќ за српски медиум (Јутро на Блиц) вели дека со испитувањето ќе биде утврдено која е причината за смртта на детето од градинката во Нов Белград, но дека постои можност да станува збор за синдром на ненадејна смрт, кој е една од најтрауматичните ситуации во медицината.
„Синдром на ненадејна смрт се јавува кај новороденчиња, до една година и кај деца од една до 3 години. Се случува насекаде. Обично се јавува кај машки деца, а почесто се јавува кај деца кои биле родени предвреме, кај деца кои имале мала тежина при раѓање, односно, под 2,5 кг. Потоа, им се случува на децата чии мајки во бременоста пушеле по 10 цигари, што ја зголемува шансата за синдром на ненадејна смрт или како нешто се нарекува смрт на детето во колевка”, вели д -р Саша Миличевиќ.
Целиот текст прочитајте го ТУКА.