ЗОШТО ПЕНДАРОВСКИ ГО ПОМИЛУВА ВОДАЧОТ НА НАРКО-КЛАНОТ „БАРОН“? Дали нешто им беше должен, прашува Лефков од ВМРО-ДПМНЕ

Пендаровски можеше да се види и во друштво на познати нарко дилери како сега убиениот Орхан Бајрами Оки – рече пратеникот Лефков.

869

Стево Пендаровски пред да биде избран за претседател во 2019 година велеше дека не му паѓа на памет да амнестира криминалци. Откако стана претседател Пендаровски заборави што ветувал во кампања и го помилува Бедри Зекири, еден од водачите на нарко-кланот „Барон, изјави на прес конференција Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.

Пендаровски велеше дека нема да амнестира криминалци, бидејќи тоа значи дека тие луѓе го направиле претседател или дека им е должен нешто. И не само што ги помилуваше, Пендаровски можеше да се види и во друштво на познати нарко дилери како сега убиениот Орхан Бајрами Оки. Пендаровски не може да излезе од криминалната матрица на СДСМ.






Пендаровски дојде на власта јавајќи на бранот „нема правда, нема мир” за на крај да заврши како алатка за помилување на криминалци. Нема една работа која Пендаровски ја ветил, а да ја исполнил, нема еден став кој го зазел, а да го додржал – рече Лефков.

 

Поврзани содржини