ЗОШТО ОБВИНИТЕЛСТВОТО МОЛЧИ ЗА КЛИНИКАТА „ЖАН МИТРЕВ“? Ги има сите информации за да отвори случај

Очигледно е дека планот за преземањето на Клиничката болница од страна на Филипче заедно со другар му Зоран Заев и тогашен премиер било добро планирано, изјави пратеникот Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.

435

И покрај фактот што поминаа десетина дена откако доктор Жан Митрев јавно кажа за намерите на Венко Филипче да ја преземе Клиничката болница што тој ја води, молк од Филипче, но молк и од надлежните институции, како Јавното обвинителство, изјави денеска пред Јавното обвинителство пратеникот Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ

– Во Јавното обвинителство има повеќе од доволно информации врз чија основа може да поведе постапка. Очигледно е дека планот за преземањето на Клиничката болница од страна на Филипче заедно со другар му Зоран Заев и тогашен премиер било добро планирано. Филипче и Заев ги применувале за нив добро познатите техники, како изнуда, притисоци, а ветувале и дека ќе влијаат во судската постапка во која страна е доктор Жан Митрев.






Планот евидентно дека не поминал, но и добро е што не поминал, бидејќи планот на Филипче вклучувал и еден вид приватизација на јавни пари или пари на граѓаните. Како? На тој начин што Филипче ја зголемил сумата од ФЗО што се префрла на болницата, или сумата во 2020 година достигнала приближно 11 милиони евра, што е речиси двојно за разлика од сумата што е одвоена за болницата во 2015 година. Многу едноставно Филипче ја зголемувал сумата што се префрла од ФЗО кон Клиничката болница, а сакал да ја преземе за багателна цена – рече Петрушевски.

Пратеникот рече дека Јавното обвинителство е должно да го испита секој случај во кој постои барем и мал сомнеж за криминал и корупција.

– Затоа денеска уште еднаш го повикуваме Јавното обвинителство да ги разгледа информациите и да потстапува – рече пратеникот.

Поврзани содржини