Зошто никој не лее крокодилски солзи за егзекуцијата на заробените ерменски војници?
Азербејџан стана спасителот на Европската Унија и за нејзините потреби за природен гас. Затоа нема грантови и европски пари ако се пљампа за Ерменија.
Иако пред само неполна година се потпиша мир во кој Ерменија изгуби добар дел од својата територија и мораше да му ја отстапи на Азербејџан, на терен војната меѓу двете држави уште трае, и од нејзе деновиве се појави видео во кое азербејџанска војска егзекутира заробени и разоружени ерменски војници.
Судирот меѓу двете страни останува непопуларен во Европа и општо на Западот.
Прво, затоа што се случува преку седум мориња, седум реки и седум планини.
Второ, ова од скоро, ЕУ не би сакала да се произнесува околу него, затоа што Азербејџан стана спасителот на Унијата и нејзините потреби за природен гас.
Тоа се тие двојни стандарди, другари. Тоа е таа правичност на „западните пријатели“. Медиумите леат крокодилски солзи за украинската трагедија, а ерменската е некаде на друга планета и не постои.
Оти нема грантови и европски пари ако се пљампа за Ерменија.
Гнило и непоправиливо е ова општество. Му треба мастер ресет и почнување од нула, со нов систем на вредности. Вакво какво што е, накриво е насадено.
(Фејсбук статус на авторот)