ЗОШТО НЕМАШЕ ПРАТЕНИЧКИ ПРАШАЊА ЗА АРТАН ГРУБИ? Толку ли се уплаши СДСМ, па ниту името не му го спомна, прашува ВМРО-ДПМНЕ

Во СДСМ се толку вознемирени и нервозни од апсењето на Артан Груби, поради стравот од сведочењето на Груби и неговите изјави, кои може да повлечат и поранешни високи функционери на СДСМ, смета ВМРО-ДПМНЕ.

248

„Зошто пратениците на СДСМ на собраниска седница ниту името на Артан Груби не му го спомнаа? Од што толку многу се плашат Заев, Филипче и Спасовски, па цела партија застана во координирана одбрана на Груби, прашува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.

„СДСМ, наместо да застане на страната на правдата и одговорноста, продолжува да го релативизира и штити криминалот на Артан Груби. Наместо да се дистанцираат, од СДСМ, на чело со Филипче, координирано го бранат Груби. СДСМ го штити Груби повеќе дури и од што го штити менторот Заев и Филипче.






Во СДСМ се толку многу исплашени и бегаат од темата за Артан Груби што на собраниска седница за пратенички прашања ниту поставија прашање, ниту пак името му го спомнаа.

Во СДСМ се толку вознемирени и нервозни од апсењето на Артан Груби, поради стравот од сведочењето на Груби и неговите изјави, кои може да повлечат и поранешни високи функционери на СДСМ.

Тренчевска со сите сили се потруди да ја колективизира одговорноста за одлуките на тогашната влада на СДСМ и ДУИ. Потпретседателката на СДСМ Јована Тренчевска истакна дека одлуката на тогашната влада, каде Артан Груби се сомничи за криминал, била колективна, и според неа не било фер само Груби да добие кривична пријава, туку требало да добијат и другите министри кои присуствувале на седницата, односно целата тогашна влада.

Дали со ова СДСМ кажува дека е подготвен да жртвува одредени свои функционери се со цел да го заштитат Груби? Што знае Груби па цела СДСМ се плаши за да не посведочи за одредени криминали? Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Груби? СДСМ знаеше за криминалот во Државна лотарија и молчеше за спас на коалицијата со ДУИ.

Граѓаните очекуваат правда, никој не смее да биде над законите. Заврши времето на политичка заштита на поединци, време е за транспарентност и владеење на правото. Одговорност мора да има за секој за кого ќе се утврди вина“ – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини