ЗОШТО НА ПОЛИЦИЈАТА НЕ Ѝ ПРЕЧАТ КОЛИТЕ ПАРКИРАНИ ВО ПЕШАЧКА ЗОНА ВО СТРОГИОТ ЦЕНТАР? Улицата Никола Вапцаров со години е оаза за бесплатно паркирање
Улицата Никола Вапцаров излегува на плоштадот Македонија, а во средина има влез за паркинг на станарите. Тие се жалат дека наутро кога со автомобилите излегуваат од паркингот за да одат на работа не можат да се разминат со паркирани возила или комбиња кои вршат дотур на стока.ица излегува на плоштадот Македонија, а во средина има влез за паркинг на станарите. Тие се жалат дека наутро кога со автомобилите излегуваат од паркингот за да одат на работа не можат да се разминат со паркирани возила или комбиња кои вршат дотур на стока.
Жителите на пешачката улица Никола Вапцаров во центарот на Скопје не можат да кренат глава од возила кои со години бесплатно се паркираат на оваа улица на која всушност е забрането паркирање.
Оваа улица излегува на плоштадот Македонија, а во средина има влез за паркинг на станарите. Тие се жалат дека наутро кога со автомобилите излегуваат од паркингот за да одат на работа не можат да се разминат со паркирани возила или комбиња кои вршат дотур на стока.
– Оваа слика е со години, уште кога Андреј Жерновски беше градоначалник на општина Центар. Од 2016 година пријавувам во Општината, пријавувам во полиција. Од полиција најчесто нѐ игнорираат и велат „Не можеме ништо да сториме“. Еднаш во неколку месеци ќе дојдат полицајци и ќе ги избркаат паркираните возила, но по само два часа, сцената се повторува, пак има нови паркирани возила – вели револтирана станарка на улицата Никола Вапцаров.
Станарите се сомневаат дека возилата се на лица кои имаат врски со полицијата и дека поради тоа никој не реагира на нивните бројни поплаки.
Од Општина Центар пред неколку години соопштија дека се запознаени со овој проблем и дека размислуваат да постават рампа со што ќе биде дозволен влез само за жителите на околните згради. Но, од таа најава и по толку години – нема ништо. Се поставува прашањето – кој кого и зошто му дозволува бесплатен паркинг на пешачка улица во строгиот центар на градот?