Зошто на Финците им успева битката против коронавирусот?

Дали Финците подобро се справуваат со пандемијата на коронавирусот затоа што се „недруштвени“ или дека имаат силна социјална држава? Стапката на зараза со ковид-19 во таа земја е најниска во цела Европа. За што станува збор?

973

Финска со нешто помалку од 6 милиони жители е една од земјите која најдобро излегува на крај со пандемијата на коронавирусот. Според податоците на Џон Хопкинс Универзитетот ниту во една друга земја стапката на зараза не е толку ниска.

Од почетокот на годината во Финска регистрирани се 21.216 заразени и 375 починати. За споредба во Данска, со сличен број на жители бројот на заразени е 70.153 и починати 781, а во Словачка 95.257 заразени и 644 починати.






Ова е мал преглед на стратегијата на Финска, но и менталитетот кои придонеле за успешна борба со заразата.

Финска реагирала брзо

Кога ширум светот почна да расте бројот на заразени, финската влада реагирала брзо и наредила двомесечен карантин. Патувањата во околните градови биле забранети. Ги затворија училиштата и другите институции, а подоцна и рестораните. Тоа се случило прилично рано, кога бројот на инфицирани во земјата бил незначителен.

Прифатена е корона апликацијата

Финска инситира на брзо следење на контактите на лицата кои имале контакт со позитивни на коронавирусот. Здравствените служби добиле поддршка со употребата на апликацијата. „Корона флеш“ на својот смартфон ја има речиси секој втор Финец.

Напроти ова во Германија корона апликацијата ја данлодирале 22 милиони жители, значи четвртина од населението.

Клучна е довербата

Во Финска има голема доверба во владата. Дури и во време на карантинот, кој беше напролет речиси и да немало противење. Според анкетата која тогаш ја спровел Европскиот парламент, 73 отсто од луѓето изјавиле дека добро ислегуваат на крај со рестрикциите.

Благодарение на техниката

Преминувањето на работа од дома и онлајн наставата, во оваа прилично дигитализирана земја не бил никаков проблем, со оглед дека речиси се подразбира дека финските ученици имаат лаптоп.

Наспроти ова, во Германија на 68 ученици има еден лаптоп. Оналјн наставата е речиси невозможна за сиромашните семејства и можно е дека тоа исто така влијаело на лошата атмосфера за корона политиката.

Нема прослави, нема проблеми

Според една анкета на Европскиот парламент, 23 отсто Финци изјавиле дека во текот на карантинот животот им се подобрил.

– Ние не сме баш нешто посебно друштвени и сакаме да бидеме сами – вели социјален психолог Нели Ханконен од Универзитетот во Хелсинки.

Исто така одредена улога би можела да игра и зоната на личен комфор, односно колку би сакале да се доближите на друго лице.

– Можеби зоната на личен комѐфор кај Финците е нешто поголема отколку во другите европски земји – вели Мика Салминен. Ние со задоволство се држиме на метар оддалеченост од другите луѓе, во спротивно не се чувствуваме добро.

Поврзани содржини