ЗОШТО МОСКВА СЕ ПЛАШИ ОД ФИНСКА ВО НАТО? Полуостровот Кола прилично лесно може да биде освоен

Утре силите на Северноатлантската алијанса од Финска можат да го минат рускиот пат кон Мурманск на најмалку сто места. Во тој случај НАТО воопшто не би имал потреба да ги користи своите големи сили. Мала диверзантска тактичка група во оваа екстремно пошумена област би можела рутински да ја пресече железницата, патиштата, комуникациите и електричната инфраструктура и да исчезне без трага меѓу боровите, а најголемите воени и нуклеарни потенцијали на Русија би се нашле логистички отсечени од останатиот дел од земјата.

1,343

Гневот на Русија поради најавата за влез на Финска во НАТО е од стратешки причини, пишува Нова. Земјите, сепак, се први соседи. Но, според финскиот консултант, експерт за комуникација и маркетинг, Томи Ахонен, ако сакаме да бидеме попрецизни, причината лежи во полуостровот Кола на крајниот северозапад на Русија, кој е речиси целосно во рамките на Арктичкиот круг. Ахонен приложил и мапа на Твитер да ја поткрепи својата теза.

 






Како прво, западниот кварт на полуостровот Кола е едно од најгустите богатства на нуклеарно оружје на планетата. Руската арктичка флота во пристаништето Мурманск има свои бази на нуклеарни мразокршачи, но има и бројни бази на нуклеарни подморници вооружени со интерконтинентални боеви глави кои буквално можат да стигнат до другата страна. Освен тоа, на полуостровот има и густа мрежа на воздушни бази на руската армија, со стратешки нуклеарни бомбардери со долг дострел како „Тупоље Ту 160“, „Ту 122Н“ и „Ту 95“, пишува „Слободна Далмација“.

Полуостровот има и разни други воени средства и масовно стационирана армија која го чува огромното минерално богатство кое се наоѓа под неговата почва, од рудници за никел и бакар до хидроелектрични централи и рибарска индустрија.

Второ, проблемот на Русија е проблемот со слабата поврзаност на целата оваа исклучително важна област со остатокот од земјата. Целиот полуостров Кола е обединет со татковината само со еден пат и една железница. Од Мурманск до делницата над Санкт Петербург има пат долг 700 километри, кој беше прилично безбеден во сегашните геополитички околности. Силите на НАТО потенцијално би можеле да го загрозат овој пат само од север, од Норвешка, но таа почетна позиција не е ветувачка поради тоа што влезната граница е широка нешто помалку од 30 километри.

Со влезот на Финска во НАТО, безбедносната рамнотежа на рускиот полуостров Коле се урива, а целата оваа територија долж финската граница станува територија која практично е невозможно да се одбрани. Утре силите на Северноатлантската алијанса од Финска можат да го минат рускиот пат кон Мурманск на најмалку сто места.

Во тој случај НАТО воопшто не би имал потреба да ги користи своите големи сили. Мала диверзантска тактичка група во оваа екстремно пошумена област би можела рутински да ја пресече железницата, патиштата, комуникациите и електричната инфраструктура и да исчезне без трага меѓу боровите, а најголемите воени и нуклеарни потенцијали на Русија би се нашле логистички отсечени од останатиот дел од земјата.

Поврзани содржини