ЗОШТО МИЦКОСКИ НЕ СЕ ПОЈАВИ НА БИЗНИС-ФОРУМОТ ВО СКОПЈЕ? Владата информираше за здравствената состојба на премиерот
Владата соопшти дека премиерот е во добра општа состојба и наскоро ќе се врати на редовните активности.
По информациите дека премиерот го откажал своето присуство на денешниот македонско-српски бизнис форум, од Владата појаснуваат дека станува збор за кратка здравствена пауза предизвикана од сезонски фактори.
„Поради кратко нарушување на општата кондиција предизвикано од сезонски фактори што повремено се појавуваат овој период, премиерот беше поттикнат да направи кратка здравствена пауза. Не претставува состојба за загриженост, но претпазливиот институционален пристап на здравствените работници наложи одложување на планираниот настан со цел побрзо опоравување“, соопштија од Владата.
Оттаму додаваат дека премиерот е во добра општа состојба и наскоро ќе се врати на редовните активности.