ЗОШТО МЕ ВОДИТЕ ВО СРБИЈА? Бошњак ќе урнел авион пренасочен за Белград (ВИДЕО)
Причината за неговиот обид да ја отвори вратата е што летото за Тузла поради маглата бил пренасочен за Белград поради маглата. Пробале да го смират, а тој викал и ги пцуел. На крајот, морале да го соборат на земја.
Сулејман Имамовиќ, дански државјанин со потекло од Босна и Херцеговина, е човекот кој синоќа се обидел да ја отвори вратата на патнички авион кој патувал од Билунд (Данска) до Тузла (Босна и Херцеговина), пишува 24вести. Причината за неговиот обид, според видеата кои ги снимиле дел од патниците, е што летот бил пренасочен кон Белград, бидејќи густата магла во Тузла не дозволувала слетувања.
Како што пишуваат повеќе балкански медиуми, инцидентот се случил во авион на Визер. Откако на патниците им било соопштено дека авионот не може да слета во Тузла поради густата магла и дека ќе слетаат во Белград, еден од патниците станал од своето седиште и се обидел да ја отвори вратата од авионот.
Со помош на другите патници и персоналот во авионот, тој бил совладан и спречен во намерата. Но, тука не завршува инцидентот.
– Да ви ја е.м мајката српска … да ви ја е.м мајката балиска … зошто ќутите … зошто ме водите во Србија? – извикува Имамовиќ во видеото.
Ова се само дел од навредливите зборови со кои Имамовиќ им се обраќа на останатите патници откако не успеал да ја отвори вратата. Потоа, Имамовиќ плука кон дел од патниците.
Останатите патници се обидуваат да го смират, но тој им одговара:
– Нема да се смирам. Ќе го срушам авионот. Ќе се самоубијам, ќе ја убијам и жената и детето. Но, ќе ви е.м мајка на сите – извикувал тој.
Во смирувањето учествува и неговата сопруга, но во еден момент тој и нејзе ѝ се заканува дека ќе ја убие. На крај, неколкумина од мажите кои го држеле го бутнале на подот бидејќи немало друг начин како да го смират.