Зошто луѓето кои се „сингл“ мирисаат поинаку?
Мирисот на мажите кои се „сингл“ е посилен од оној на мажите во брак. Тој претпоставува дека ова е заради повисокото ниво на тестостерон.
Познатиот француски крал Луј 14 бил опседнат со мирисите. Сиот негов мебел и фонтаните биле попрскани со парфем, а пред да влезете во палатата и вас морало да ве испрскаат. Очигледно, нашиот мирис кажува нешто за нас. Па дури и за нашето здравје. Кај болестите на пример, колерата мириса слатко, а акутниот дијабетес на скапани јаболка, се вели во статија на БиБиСи.
– Постојат неколку студии кои се противречни, но мојата група откри дека колку повеќе месо консумирате, толку попријатно му мирисате на вашиот партнер – вели Мехмет Махмут, психолог за мириси од Универзитетот Мекквери во Австралија.
Мажите сметаат дека телото на жените поубаво мириса пред менструацијата, кога жените се најплодни, а најлошо за време на менструацијата. Ова можеби им било корисно на нашите антички предци за да откријат добри кандидати за репродукција, сугерираат авторите на тој труд. Кај мажите пак, нивото на тестостерон го подобрува мирисот.
Луѓето кои се сингл појако и „поубаво“ мирисаат
Во една друга студија на Мехмет Махмут, било докажано дека мирисот на мажите кои се „сингл“ е посилен од оној на мажите во брак. Тој претпоставува дека ова е заради повисокото ниво на тестостерон. Знаеме дека постои поврзаност помеѓу намалувањето на тестостеронот и стареењето, што може да се должи на работите кои се случуваат кај оженет маж кој има над 40 години – тој им дава приоритет на децата и слични работи.
Направете дете со човек кој мириса спротивно од вас
На група жени им биле дадени маици кои ги носеле случајни мажи и им било побарано да ги рангираат според тоа колку се пријатни. Жените ги претпочитале маиците кои мирисале различно од нив, а назад во купот ги ставале оние кои мирисале најслично на нив.
Тие не знаеле дека тоа што го прават е потсвесно. Способноста да се избере партнер со различен мирис на телото од сопствениот е еволуциска и е врзана со нешто што се нарекува човечки леукоцитен антиген (ХЛА). Тоа се група на протеини кои му помагаат на нашето тело да ги идентификува сопствените клетки.
Вашиот ХЛА профил е многу веројатно различен од сите други што ќе ги сретнете – иако некои луѓе, како вашите блиски роднини, ќе бидат повеќе слични на вас од другите. Од генетска гледна точка, предност е да се има дете со некој што има различен профил на ХЛА.

Мирисот влијае на квалитетот на врската
– Но, иако ХЛА не влијае на изборот, тоа влијае на сексуалната благосостојба – вели Сороковска. Луѓето со вродена анозмија (губење на чувството за мирис) имаат посиромашни резултати во врската, сугерира Махмут во студија со Илона Крој на Универзитетот во Дрезден, Германија.
Паровите кои имале висока различност во ХЛА имале највисоки нивоа на сексуално задоволство и највисоки нивоа на желба да имаат деца.И обратно. Жените кои биле со мажи слични на ХЛА, пријавиле поголемо сексуално незадоволство и помала желба за раѓање деца.
Жените се тие што бираат
За биолозите сето ова има смисла. Во природата, женките имаат тенденција да избираат мажјаци, бидејќи токму мајката вложува најмногу во воспитувањето на децата и затоа може најмногу да изгуби ако се пари со генетски инфериорен маж.
Женката мора да биде внимателна во својот избор, па затоа бара траги за квалитетот на мажот. Ова е причината зошто мажјаците се често шарени, изведуваат танци, пеат песни или нудат подароци во природата – тие треба да го докажат својот генетски квалитет.
Но, дали мирисот е доволен доказ за женката, или во модерниот свет тоа веќе не ни станува битно?
– Поминавме десетици илјади години прикривајќи се како мирисаме – инсистира Мехмет Махмут.
Жените имаат и други интереси
Во друга студија, мажените жени донеле маици од нивните сопрузи, а самохраните жени донеле маичка од близок пријател и тие биле измешани со повеќе маици од случајни мажи.
– Дали партнерските жени завршија со некој чиј мирис го претпочитаа од другите? – прашува Махмут. Не мора да значи – продолжува тој.
Жените бирале различно. Не ја погодувале секогаш маичката на својот сопруг, ниту пак на оној со најспротивен мирис од нивниот.
– Ако единствениот интерес ви е да пронајдете партнер со добри гени, тогаш можеби треба да обрнете внимание на нивниот мирис – вели Агнешка Сороковска, психолог за мириси од Универзитот во Вроцлав. Полска. Но, за повеќето луѓе тоа не е најважната работа и повеќето луѓе не го прават тоа.