ЗОШТО ЛИЦЕТО НИ ИЗГЛЕДА ПОСТАРО ПОСЛЕ СПИЕЊЕ Овие неколку грешки ги прават сите луѓе

Спиењето на страна често доведува до појава на длабоки брчки на деколтето, кај жените, и на страната на делот од лицето на којшто лежите. Многу луѓе не размислуваат за положбите во кои спијат и кои би биле најдобри, но спиењето на грб ќе биде најдобриот избор. Подигнете ја главата со дополнителна перница за да спречите акумулација на течност, што пак ќе спречи вашите очи да бидат толку подуени, вели Лу Сомеро и објаснува зошто знаеме да се разбудиме отечени.

682

Не ја избираме вистинската позиција за спиење, имаме нечиста ткаенина или едноставно не спиеме доволно часови – ова се само дел од причините зошто нашето лице изгледа постаро откако ќе станеме од спиење, велат експертите. Тајната, секако, е во негување на кожата и здрави навики, а статија на 24сата ги открива вообичаените грешки кои прават кожата да се збрчка.

Вашата перница е полна со бактерии






– Една студија од 2011 година покажа дека повеќе од 350.000 колонии живи бактерии може да бидат во една перница, како и голема количина мртви клетки на кожата – вели Лу Сомеро, клинички директор на клиниката „Космекс“, клиника за подмладување на кожата во Обединетото Кралство.

– Треба да го миете и чистите лицето секое утро за да ја одржите кожата чиста и свежа. Исто така, моја препорака е да користите АХА тонери, како салицилна киселина, за длабоко чистење на порите – советува таа.

Луѓето се претежно ориентирани кон редовно перење на постелнината, но многумина забораваат на самите перници, дека и тие треба повремено да се мијат. Се препорачува да се мијат на 60 степени, бидејќи на таа температура бактериите почнуваат да се уништуваат, на секои три месеци.

Поминуваме околу една третина од животот спиејќи, а потоа на постелнината, душекот и перниците оставаме фрагменти од себе во форма на пот, милиони мртви клетки на кожата, нечистотија, козметика, креми … Ова, пак, привлекува бактерии и тие се размножуваат во таква топла и влажна средина.

Не ја избирате вистинската ткаенина

Многу познати личности, меѓу кои и Кортни Кардашијан, јавно прозбореа за тоа како ги замениле памучните перници со свилени и тоа не без причина.

– Иако можат да бидат забележливо поскапи, свилените перници имаат мазна површина, што значи дека помалку се истегнуваат на кожата додека се вртите во кревет, а со тоа и шансите за создавање брчки се помали. Исто така, овој материјал не апсорбира природни масла од вашата кожа и и овозможува на кожата да ја задржи влагата. Покрај тоа, свилата содржи амино киселини кои помагаат да се зголеми производството на колаген, објаснува Мел Гравел-Барнс од „Croma Pharma“, компанија за хијалуронска киселина за неинвазивна естетска медицина.

– Памучните перници апсорбираат влага од вашата кожа, затоа, не е лошо да размислите за свилени перници. Исто така, осигурајте се дека хидратацијата е приоритет во вашата рутина за нега на кожа, и токму таму е важна хијалуронската киселина. Имено, може да задржи 1.000 пати повеќе влага, а кога ќе се вклучи во секојдневната рутина за нега на кожата, во голема мера ги намалува знаците на стареење – додаде таа.

 

фото: pixabay.com

Не спиете доволно

– Додека спиеме, нашите клетки се обновуваат, ги поправаат оштетувањата и ја одржуваат кожата здрава и сјајна. Ако не спиете доволно или имате слаб сон, вашето тело не може правилно да се обнови. Ова го забавува производството на колаген, така што вашата кожа изгледа потенка и помалку затегната – вели д-р Мартин Кинсела од Клиниката за повторно зајакнување.

Спиете на страна

Ако спиете доволно и квалитетно, а вашата кожа сè уште изгледа збрчкано, можно е да спиете во погрешна положба – спиете на страна.

– Спиењето на страна често доведува до појава на длабоки брчки на деколтето, кај жените, и на страната на делот од лицето на којшто лежите. Многу луѓе не размислуваат за положбите во кои спијат и кои би биле најдобри, но спиењето на грб ќе биде најдобриот избор. Подигнете ја главата со дополнителна перница за да спречите акумулација на течност, што пак ќе спречи вашите очи да бидат толку подуени – вели Лу Сомеро и објаснува зошто знаеме да се разбудиме отечени.

– Сите ние всушност спиеме во хоризонтална положба, а потоа течноста повеќе се прераспределува во горниот дел од телото. Ова го отвора патот ткивото на лицето да се прошири и да се стегне, што на крајот доведува до истегнување и релаксација на кожата. Тоа е и главната причина зошто се будиме толку отечени – вели тој.

фото: pixabay.com

Ја ставате кремата и веднаш легнувате

Една од причините за појава на брчки е слабата циркулација, па експертите предлагаат две минути масажа на лицето пред спиење со мали кружни движења.

Направете го тоа со хидратантна крема или масло за лице. Завршете ја масажата со нежно притискање на лицето, концентрирајќи се на контурите на очите и јаболчниците – ова ќе го подобри протокот на крв и ќе помогне да се пополнат малите брчки.

– Секој може да одвои малку време пред спиење за оваа едноставна, но ефикасна масажа на лицето која помага да се започне циркулацијата и да се одржува кожата во врвна состојба. Ваквите масажи исто така помагаат да се исфрлат токсините, да се стимулира производството на колаген и да се исчистат порите. Само бидете внимателни, направете го тоа нежно, особено околу очите – советува Сомере, како што пренесува „Дејли Меил“.

Поврзани содржини