ЗОШТО КРИМИНАЛЦИТЕ ОД БЕЛАНОЦА ГИ НЕМА НА СПИСОЦИТЕ НА МВР? Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ тврди дека некои криминални групи се привилегирани
Дали списокот е составен од Музафер Каришиќ, човек од доверба на Оливер Спасовски – праша портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.
Според која методологија се прави списокот „Безбеден град” на МВР, или како што стручно се нарекува „Список за редовна контрола и претрес на безбедносно интересни лица”, па во него има лица од една, а нема лица од друга криминална група – праша јавно портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.
– На списокот од 49 лица, 47 се припадници на криминалните групи Дуќанџик, Грчец и Бундес, но на списокот нема ниту еден член на криминалната група Беланоца, Кондово, Барон, ниту еден од повратниците од Сирија и Ирак и други лица од безбедносен интерес. Се работи за листата од планот „Безбеден град“, и оттука, легитимни се прашањата: По која методологија на списокот од Безбеден град има лица од една, а нема од друга криминална група? Дали списокот е составен од Музафер Каришиќ, човек од доверба на Оливер Спасовски – праша портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој побара одговор од министерот Спасовски како е можно МВР по скратена постапка да дава дозвола за оружје на луѓе кои се наоѓаат на овој список.