ЗОШТО КРИЕВТЕ, ЗОШТО МОЛЧЕВТЕ? Мицкоски бара да одговараат тие што се обидоа случајот на Денис Тот да го стават „под тепих“

Треба едноставно министерството да одговори зошто криеше и зошто молчеше и зошто институциите кои се надлежни за да го расветлат овој грозоморен настан не го расветлуват, туку гледаме дека континуирано се обидуваат под тепих да ја стават работата, вели Мицкоски.

1,264

Убиството на ракометарот Денис Тот ја потрес македонската јавност, а лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, смета дека случајот не треба да се политизира, но дека очекува институциите да одговорат зошто наместо да го расветлат целиот случај, се обидуваа да ја стават под тепих целата работа.

-Не треба работата да се политизира. Треба едноставно министерството да одговори зошто криеше и зошто молчеше и зошто институциите кои се надлежни за да го расветлат овој грозоморен настан не го расветлуват, туку гледаме дека континуирано се обидуваат под тепих да ја стават работата. Требаше едноставно за да не се случува ова расфрлање на пердуви да излезат надлежните и да кажат кој е сторител, сторителите се пронајдени сторителите се лишени од слобода и ќе одговараат за овој грозоморен чин. Тоа е она што требаше да се случи, но зошто некој го сокрива сето тоа треба да одговорат тие кои го кријат сторителот на ова убиство, – потенцираше Мицкоски.

Поврзани содржини