ЗОШТО КОВАЧЕВСКИ НЕ ОДГОВОРИЛ НА ПОВИКОТ НА АРМ ВО 2001? Пратеникот Ковачки го нарече премиерот „дезертер“
Ковачевски е човек дезертер, кој не заслужува да ја води државата! Го повикуваме во рок од 24 часа да каже дали навистина избегал и дали е трајно неспособен, или лажел пред институциите и лекарите – изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ.
Пратеникoт и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки тврди дека премиерот Димитар Ковачевски „свесно го избегнал служењето воен рок“, односно не се јавил на повик да служи во армијата во време на конфликтот во 2001 година.
– Според информациите кои стигнаа до нас, премиерот Ковачевски свесно го избегнал служењето на воениот рок и тоа токму во периодот на воениот конфликт во 2001 година, односно не одговорил на повикот на својата татковина кога за тоа бил побаран и кога ѝ бил најпотребен. Како и сите граѓани на Република Македонија кои во тој период служеа во редовите на АРМ, така и сегашниот премиер морал да се јави во војничките редови. Но повторувам, според информациите со кои располагаме, Ковачевски свесно го избегнал служењето на воениот рок во АРМ – обвини Ковачки.
Тој тврди дека Ковачевски како причина што не одговорил на повикот на АРМ навел дела е „трајно неспособен“.
– Ковачевски не се јавил на отслужување на воен рок и не се пријавил во 2001 година, иако бил повикан. Ковачевски е човек дезертер, кој не заслужува да ја води државата! Го повикуваме во рок од 24 часа да каже дали навистина избегал и дали е трајно неспособен, или лажел пред институциите и лекарите? Да излезе и да каже, во спротивно ќе објавиме се што имаме. Доколку е навистина трајно неспособен, тогаш мора веднаш да се повлече од премиерската позициј – порача Ковачки.
Тој праша дали на чело на владата имаме трајно неспособна личност и дали тоа е причината поради која Македонија е понижувана.