Зошто Кина oд кризата ќе се опорави побрзо од другите земји?

Како резултат на Ковид-19, западниот пазар опаѓа, додека во Кина голем број компании покажуваат знаци на закрепнување - рече директорот Мајкл Кели од „Pinebridge“.

328

Во потрага по најпогодни пазари, инвестициските фондови повторно се насочуваат кон Кина, која е прва која излезе од пандемиската криза. Како што паѓа бројот на заразни случаи, така и кинеската економија покажува знаци на закрепнување и ова привлекува зголемено внимание од страна на инвестициските фондови.

Според „CNBC“, американскиот „Pinebridge Investments“, кој има капитал од 101 милијарди долари, решиле силно да се свртат кон кинескиот пазар.






– Како резултат на Ковид-19, западниот пазар опаѓа, додека во Кина голем број компании покажуваат знаци на закрепнување – рече директорот Мајкл Кели од „Pinebridge“, додавајќи дека април ќе донесе ново зголемување на кинескиот пазар, додека западниот само што почнува да тоне.

„UBS Asset Management“ го има истото мислење и многу инвестира на кинескиот пазар на капитал, во кој се вели дека потрошувачката на јаглен и продажбата на недвижнини во Кина веќе се на 90 проценти од нивото пред кризата, додека работната активност се зголемува. Тие посочуваат дека кинескиот пазар на капитал е главно поврзан со технологија и дека тој сектор е помалку ранлив на тековната криза.

„Goldman Saks“ ги коментираше зборовите на кинескиот претседател, кој објави силни позитивни сигнали, а за кинеските мерки ги оценуваат дека ја стимулира домашната потрошувачка, стабилизирањето на вработеноста, трговијата и финансискиот пазар. Најголем пазар на Кина беше самата Кина. Тие ги гледаат инфраструктурните проекти како инвестициска можност, пред се во врска со развојот и инсталацијата на мрежата 5G.

Во „Nomurа“ смета дека кинескиот јуан ќе стане можеби најважната валута. „Bank of China“ изнесе план за создавање на својата дигитална валута, како прва централна банка која што се одлучува на овој потег.

Но, за да не се влошат работите, аналитичарите продолжуваат да го истакнуваат падот на извозот на Кина заради кризата на глобалните пазари и геополитичката криза во односите меѓу САД и Кина.

Поврзани содржини