Актерот Роберт де Ниро и неговата партнерка Тифани Чен (45) беа на отворањето на филмскиот фестивал „Трибека“.
Двојката присуствуваше на премиерата на документарниот филм Kiss The Future. Ова беше нивно прво појавување на црвениот тепих по раѓањето на нивната ќерка Гиа пред два месеци.
Чен пристигна во црн фустан во комбинација со беж чевли, беж кардиган и розова чанта, додека актерот носеше сива маица, црна јакна и панталони. Двојката се држеше за раце на црвениот тепих.
На социјалниот мрежи се коментира дека партнерката на славниот актер изгледа исплашено, како да е киднапирана.
Минатиот месец 79-годишниот Де Ниро откри дека со Чен добил ќерка и дека станал татко на седмо дете.