ЗОШТО ГРАДОТ НЕ СЕ ИСЧИСТИ СЕГА, СИТУАЦИЈАТА Е АЛАРМАНТНА? Зошто се чека изборите да поминат, прашува Ацевски
Што ги спречува сега ЗЕЛС и Општините во Градот Скопје да прогласат една, условно кажано, вонредна состојба, а состојбата не условно, туку де факто е вонредна со хигиената во Град Скопје – вели Костадин Ацевски, кандидат за градоначалник на Општина Ѓорче Петров.
Зошто Христијан Мицкоски и Орце Ѓорѓиевски чекаат изборите да поминат за да го исчистат градот, праша кандидатот за градоначалник на Општина Ѓорче Петров од СДСМ, Костадин Ацевски, во гостување во Вистинска телевизија.
Тој оцени дека ситуациајта со хигиената во градот е алармантна и порача и дека централната власт, ако сака, има начин да ја подобри.
– Самиот премиер излегува со Орце Ѓорѓиевски и вели дека ќе го исчистат Градот Скопје за 72 часа ако победи нивниот кандидат. Зошто сега не го исчистат за 72 часа? Кандидатот за градоначалник на Град Скопје е претседател на ЗЕЛС. Управниот одбор и претседател на УО во ЈП Комунална хигиена се кадри на ВМРО-ДПМНЕ, Владата е предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Што ги спречува сега ЗЕЛС и Општините во Градот Скопје да прогласат една, условно кажано, вонредна состојба, а состојбата не условно, де факто е вонредна со хигиената во Град Скопје, да назначат повереници во ЈП Комунална хигиена, ако тој кадар од ДУИ или од Данела Арсовска не функционира, да му ги одземат ингеренциите, преку претседателот на ЗЕЛС градоначалниците во Град Скопје да спроведат акција. Се соочуваме со потенцијален екоцид, зошто не го исчистат градот сега? – прашува Ацевски.