ЗОШТО ФЕЈСБУК БРИШЕ ПОДАТОЦИ ОД МИЛИЈАРДА ЛУЃЕ? Веќе нема да има софтвер за препознавање на лица

Една милијарда луѓе се скоро третина од корисниците на Фејсбук, а сите тие се определиле да ја користат оваа услуга, објаснува Џером Песенти, втор човек во корпорацијата. Но, дали Фејсбук навистина се грижи за приватноста на луѓето или ова е само потег за пред јавноста?

1,502

Фејсбук, или по ново, Мета, ќе ги избрише отпечатоците од 1 милијарда корисници со кои софтвер можеше да ве означи и препознае вас и вашите пријатели во фотографија, пишува Гардијан. Во време кога Марк Закерберг е пред суд за злоупотребите на податоци кои компанијата ги направила од 2016 година до денес, се поставува прашањето, дали со овој потег тие сакаат да ја вратат довербата меѓу корисниците?

Една милијарда луѓе се скоро третина од корисниците на Фејсбук, а сите тие се определиле да ја користат оваа услуга, објаснува Џером Песенти, втор човек во корпорацијата. Но, дали Фејсбук навистина се грижи за приватноста на луѓето или ова е само потег за пред јавноста?






Како Фејсбук ја користеше технологијата за препознавање лице?

Кога луѓето се одлучија да дозволат користење на препознавање лице, Фејсбук скенираше „отпечаток од нивното лицето“ и го користеше за да најде фотографии и видеа од нив на платформата за подоцна да може да ги означува.

Исто така, софтверот се користеше за да идентификува дали некој друг го имитира тој корисник на Фејсбук и помогна во пристапноста на лицата со оштетен вид, кажувајќи им кој е на фотографијата.

фото: твитер/принтскрин

Зошто Фејсбук го исклучува софтверот?

Песенти рече дека иако технологијата за препознавање лице е моќна алатка за потврдување на идентитетот, потребни ѝ се силни контроли за приватност и транспарентност за да им се дозволи на луѓето да ограничат како се користат нивните лица. Тој истакна дека има „многу загрижености“ за оваа технологија во општеството, при што регулаторите сè уште се израмнуваат.

– Во услови на оваа тековна неизвесност, веруваме дека ограничувањето на употребата на препознавање лице на тесен сет на случаи на употреба е соодветно – рече тој.

Песенти рече дека препознавањето на лицето е највредно кога работи само на уред на една личност, како на пример за отклучување на Ајфоните, наместо комуникација со надворешен сервер, како што функционираше технологијата на Facebook.

Тоа доаѓа во време кога Фејсбук се соочи со широки критики за неговиот однос кон приватноста и безбедноста на корисниците, по објавувањето на десетици илјади внатрешни документи од свиркачот на Фејсбук, Френсис Хауген, поранешна вработена која сведочеше и откри многу тајни на компанијата.

Што ќе се случи со означените фотографии?

Портпаролот на Фејсбук рече дека нема да има промена на постоечките означени фотографии или видеа кои се означени со помош на технологијата, само што во иднина Фејбук нема да ви предлага да означите некого/некоја.

Што ќе значи тоа за помош на лицата со оштетен вид?

Луѓето сепак ќе можат да додаваат текст и ознаки на нивните фотографии и видеа, но Фејсбук нема автоматски да им ги предлага.

Што ќе се случи со мојот отпечаток?

Фејсбук вели дека ќе биде избришан. Ако сте се откажале од услугата претходно, или никогаш не сте се вклучиле или сте ја избришале вашата сметка, Фејсбук соопшти дека отпечатокот на лицето нема да биде задржан.

фото: Твитер/принтскрин

Дали некој претходно ги користел или продавал отпечатоците од лицето?

Фејсбук претходно соопшти дека единственото лице кое можело да пристапи до печатењето на лицето е корисникот на сметката, а портпаролот потврди дека немало друг пристап до информациите за печатењето на лицето.

Дали оваа алатка ќе се замени со нешто друго?

Вториот човек на компанијата рече дека Мета верува дека има „голем број на потенцијално позитивни случаи на употреба за препознавање лице во иднина“ и тоа е нешто што компанијата ќе го истражува, но приватноста, контролата и транспарентноста ќе им бидат прво нешто при ум.

– За секоја потенцијална идна апликација, јавно ќе објавиме за нејзината употреба, за тоа како луѓето ќе можат да имаат контрола врз овие системи и нивните лични податоци и како ние ќе се погрижиме технологијата да одговара на нашата одговорна платформа за иновации – рече тој.

Мета го префрла својот фокус на создавање на метаверзум и испробува цел куп нови работи во исто време додека се бори со сè понегативната слика во јавноста во последните неколку месеци.

Поврзани содржини