ЗОШТО Е ВАЖНО ДА ГИ УЧИМЕ МЛАДИТЕ НА ЕМПАТИЧНОСТ? Како се развива капацитетот за емпатија кај децата?

После масакрот во основното училиште во Белград, а особено по реакциите на некои деца во Србија на социјалните мрежи кои покажуваат комплетно отсуство на емпатија, решивме да објавиме еден текст токму на оваа тема. Емпатијата е нешто што се учи, a задачата на родителот е да го научи своето дете дека чувствата на другите се важни. И да се запрашаме себеси, дали се сметаме за емпатични луѓе, дали ги учиме нашите деца на емпатија?

811

Токму сега, по масакрот што се случи во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар во Белград, а особено по вестите дека на повеќе места во Србија учениците пробуваат да го копираат овој настан и се исмеваат со истиот, не покажувајќи никакви знаци на емпатија за жртвите, мислиме дека е добро да објавиме еден текст на оваа тема – зошто е важно да ги научиме децата на емпатија.

Да потсетиме, тринаесетгодишното момче Коста К. влегло во училиштето  со два пиштоли и четири молотови коктели и убило осум соученици и еден чувар, а ранило уште седум лица. Сето ова, според досегашните информации, го планирал, а доказ за тоа е списокот за тоа кого и како ќе го убие.






Затоа, да се вратиме на прашањето за емпатијата.

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини