ЗОШТО Е СМЕНЕТ МЕДИЦИНСКИОТ, НО НЕ И ЕКОНОМСКИОТ ДИРЕКТОР? Силјановска откри чудно однесување на министер во скандалот „Онкологија“

Силјановска Давкова прашува зошто екс министерот за здравство од Алијансата за Албанците Беким Сали кој знаел за криминалот на клиниката за онкологија го сменил менаџерот кој се грижел за медицинските работи, а го оставил да менаџира директорот кој се занимавал со економските теми.

376

Професорката и пратеничка Гордана Силјановска Давкова открива чудно однесување на екс владин министер во огромен скандал, бидејќи во 2020 година го променил медицинскиот директор, но не и економскиот.

Таа прашува зошто екс министерот за здравство од Алијансата за Албанците Беким Сали кој знаел за криминалот на клиниката за онкологија го сменил менаџерот кој се грижел за медицинските работи, а го оставил да менаџира директорот кој се занимавал со економските теми.






– Како член на Анкетната комисија за скандалот (трагедијата) на онкологија, забележувам дека бившиот министер Беким Сали го разрешил медицинскиот директор, но не и економскиот. Зошто? – прашува меѓу другото Силјановска во дебатата на анкетната комисија за случајот на Онкологија.

Силјановска не зборува за етничката припадност на двајцата директори, но случајно или не медицинскиот директор е Македонец а економскиот Албанец.

На овој линк можете да го погледенете целото видео на Силјановска во кое таа ја искажува својата анализа за скандалот на Онкологија.

https://fb.watch/nTsr4taDTf/?mibextid=Nif5oz

Поврзани содржини