Зошто е многу важно да се дознае потеклото на коронавирусот?
Последните месеци, научниците постигнаа широк консензус дека вирусот се раширил како последица на „зоонотичка транзиција“, што е „скок на вирусот“ со заразени луѓе од животни, уште пред да стане пренослив од човек на човек.
Правовремена, транспарентна, експертска и научно заснована студија – тоа е она што лидерите на Г7 тврдат дека го бараат од научниците во потрагата на потеклото на коронавирусот.
Ова не е прв пат политичките моќни лидери да дадат поддршка на истрагата која би открила од каде потекнува пандемијата со ковид-19.
Американскиот претседател Џо Бајден, неодамна им нареди на научниците да ги зголемат напорите и да издадат извештај за 90 дена, вклучувајќи детална анализа на можностите дали коронавирусот има потекло од кинеска лабораторија.
Контроверзната хипотеза за бегството на вирусот од лабораторија, која ја отфрлија сите како нејасна теорија на заговор, неодамна доби нова тежина, а со тоа дополнително ги закомплицира и онака тешките односи меѓу Кина и Западот.
Една година подоцна, откако ковид-19 за првпат беше забележан во Вухан, прашањето како вирусот се појави и понатаму останува мистерија.
Зошто е важно да се одбегне политиката и да се пронајде вистинското потекло на вирусот?
Што знаеме, а што не знаеме?
Вирусот SARS-CoV-2 прв пат е откриен во Кина на крајот на 2019 година, а до јуни 2021 година се рашири низ целиот свет, доведувајќи до 178 милиони потврдени случаи на заразување и 3,9 милиони смртни случаи.
Некои од раните случаи беа поврзани со пазарот за морска храна во градот Вухан, каде е откриена и првата група на заразени со ковид-19.
Последните месеци, научниците постигнаа широк консензус дека вирусот се раширил како последица на „зоонотичка транзиција“, што е „скок на вирусот“ со заразени луѓе од животни, уште пред да стане пренослив од човек на човек.
Но, конкурентската теорија сугерира дека вирусот исто така можел да произлезе и од голема установа за биоистражување, лоцирана релативно блиску до Институтот за вирусологија во Вухан, каде што научниците повеќе од децении ги проучуваат коронавирусите со експериментирање на глувци.
Во раните денови на пандемијата, ова контроверзно тврдење го претстави тогашниот американски претседател, Доналд Трамп.
Некои дури одеа и подалеку, па сугерираа дека можеби вирусот го направил човек кој сакал да го употреби како биолошко оружје.
„Теориите за човечкото потекло SARS-CoV2 темелно се побиени“, напиша група научници во Американското списание за тропска медицина и хигиена, во јули минатата година.
Тие откриле дека вирусот не содржи генетски отпечатоци ниту генетски секвенци кои би биле претходно инженерски изведениод веќе постоечки вирус.
Американскиот шеф за заразни болести, доктор Ентони Фаучи, исто така неодамна ја отфрли оваа идеја, изјавувајќи дека е претерано тврдењето оти Кинезите намерно би направиле нешто кое нив ќе ги убие.
Но, сега, тврдењето дека вирусот можел да се рашири како последица на непознат лабораториски инцидент, повторно почна да добива на тежина.
Потрага за потеклото
Некои научници ја поддржуваат идејата да се истражат двете соочени идеи, бегство од лабараторија или зоонотичната транзиција.
Светската здравствена организација (СЗО), на почетокот од оваа година испратила група експерти во Кина за да го истражат тоа до крај, а повторно извештајот кои тие го направиле не содржел никакви заклучоци за тоа од каде доаѓа овој вирус.
Акико Ивасаки, истакнат научник од Медицинското школо од Јејла, упорно тврди дека дознавањето на потеклото на овој вирус, е од клучна важност за спречување на понатамопни пандемии.
– Ако се покаже дека вирусот директно скокнал од глувци на луѓе, мораме да преземеме мерки за да ги намалиме идните контакти и да го зајакнеме надзорот на заразени луѓе кои знаеме дека имале контакт со глувците – вели Аико Ивасаки за Би-Би-Си.
Професорот Дејвид Робертсон од Универзитетот во Глазгову, го има истиот став:
– Дури и ако Институтот во Вухан е вмешан во ова, мораме да дознаеме од каде дошол вирусот, каде тие го пронашле, иако вирусите со кои тие се занимаваа (пред пандемијата) не се доволно блиски на овој, за тие да се неговото потекло – рекол Робертсон.
Да ги запреме идните пандемии
Главниот уредник на „Сајентифик амерекина“, Џош Фишман изјавил дека во светот постојат многу вируси кои провоцираат болест, такашто доаѓањето на одговорот би значел многу, затоа што со откривање на причината за пандемијата ќе се добие решение за сузбивање на следните пандемии.
Доколку се потврди зоонотичката транзиција, може да доведе до построги регулативи за пазарите со жива храна, какви што се познати низ поголемиот дел од Азија, како и нови упатства за размножување и комерцијална експлоатација на дивите животни.
Ако наместо тоа се докаже дека е вистинска теоријата за бегство на вирусот од лабораторија, тоа ќе промени одредени претпоставки за кои се вршат истражувања на високо ниво, посебно таканаречените експерименти „стекнување на функција“, кога патогенот се чини поопасен за да би стимулирал различни сценарија на епидемијата.
Кина заговара и уште една теорија – дека корона вирусот можеби влегол во земјата во смрзнато месо, што е претпоставка кое ја поткрепува истражувањето на еден од најновите вирусолози. Ако, пак, оваа теорија се потврди, секако би имала последици на меѓународната трговија и транспорт на храна.
Дури и да се докаже дека дошло до бегство од лабораторија и да се воведат нови безбедносни мери, не може да се гарантира дека тоа нема да се повтори, велат експертите.
Вирусите веќе бегале од истражувачки установи и заразувале луѓе во минатото, како на пример Рускиот грип во 1977 година и епидемијата САРС од 2004 година.
И иако многумина велат дека потрагата за потеклото на вирусот е многу важна, таа моментално не е приоритет.
Лекарката Мари-Марсел Дешамп, од Клиниката во Хаваи вели дека научниците имаат многу поважни задачи. Таа вели дека мора да ги спасува животите на луѓето со ограничени ресурси, а познавањето на потеклото на овој вирус, нејзе нема да ѝ помогне при завршување на работните обврски.
Но, се согласува дека дознавањето на потеклото на ковид-19 може да помогне да не се случи уште една глобална криза.