📽 ЗОШТО Е ДРАМАТА, ГИ САКАМ СИТЕ МОИ ДЕЦА Де Ниро проговори за трансродовата ќерка
Брилијантниот американски актер Роберт де Ниро изрази поддршка за својата трансродова ќерка Ајрин.
Тој за „Дедлајн“ истакна дека го сакал и го поддржувал Ејрон како свој син, а сега ја сака и поддржува Ајрин како своја ќерка, објави „Гардијан“.
– Го сакав и го поддржував Арон како мој син, а сега ја сакам и поддржувам Ајрин како моја ќерка. Не знам зошто е драмата. Ги сакам сите мои деца – изјави тој за „Варајати“.
Наведувајќи дека ниеден родител не е совршен, Ејрин им се заблагодари на Де Ниро и на мајка ѝ, моделот Туки Смит, што ја држеле подалеку од очите на јавноста за да може да има нормално детство.
Eјрин претходно даде интервју за онлајн ЛГБТК-списанието „Дем“, во кое опиша како станала трансродова и дека чувствувала извесен страв и вознемиреност поради реакциите на семејството.
– Дел од мене се плаши дека моето семејство можеби сè уште ме гледа како личноста што бев пред транзицијата – изјави трансродовата ќерка на актерот.
View this post on Instagram