ЗОШТО ДОЗВОЛИЛЕ ОДГЛЕДУВАЊЕ КАНАБИС НА ОТВОРЕНО? Филипче жестоко го брани менторот, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ бара Венко Филипче да одговори дали Македонија била претворена во „балкански нарко-центар“ и кој профитирал од бизнисот со канабис. Според партијата, запленетите 40 тони марихуана и тврдењата дека 70% од дрогата водат до фирми блиски до Заев се доказ за, како што велат, системски пропусти и можни злоупотреби при доделувањето лиценци и контролата на производството.

134

Лидерот на СДСМ Венко Филипче да каже зошто со неговиот претходник Зоран Заев дозволиле одгледување на канабис на отворено спротивно на закон, кои им биле мотивите и кој и колку профитирал, бара ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.

„Филипче жестоко се обидува да го одбрани својот ментор Заев и поврзаноста на луѓето блиски до СДСМ во последниот скандал со запленетата марихуана.






Филипче и кланот Заеви, Македонија ја претворија во Балкански „нарко-центар”, каде наместо медицинска се произведувала марихуана за црниот пазар. Запленетите 40 тони марихуана, директно водат до фирми блиски до Заев и Филипче.

Венко Филипче е без кредибилитет. Нема афера и скандал, а тој и Заев да не се вплеткани. Филипче и Заев се синоним за криминал, корупција, импровизации, нетранспарентни одлуки и контроверзи. Филипче е човекот кој го уништи здравствениот систем во државата.

Македонија во време на владеењето на СДС, Зоран Заев и Венко Филипче, наместо строго контролирано производство на канабис за медицински цели, беше претворена во балкански нарко центар за шверц на марихуана на црниот пазар.

Факт е дека темелите на бизнисот за марихуана ги постави владата на Зоран Заев во 2020 година, додека Филипче беше министер за здравство.

Владата на СДСМ делела лиценци на фирми поврзани со Зоран и Вице Заев, а резултат на тоа, денес се тони дрога и сериозни безбедносни последици за државата. Факт е и дека околу 70 проценти од запленетата дрога деновиве е на фирма во сопственост на луѓе на Заев. Медицинската марухуана била параван за организиран криминал во огромни размери.

Зошто Заев лично се интересирал за случајот со петте тони марихуана запленети во Србија? Зошто Заев и Филипче дозволиле одгледување на канабис на отворено спротивно на закон, кои им биле мотивите и колку профитирале? Дали измените на правилникот се донесени по конкретна насока од Заев, и дали со нив се отворил простор за можни злоупотреби и незаконска трговија?

ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на борбата против криминалот и корупцијата. ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на изградба на стабилни институции, владеење на правото и подобар животен стандард на граѓаните.

Одговорност мора да има“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини