ЗОШТО ДИЕТИТЕ НЕ ФУНКЦИОНИРААТ? Како правилно да се намалат килограмите
Намалувањето на телесната тежина не е воопшто лесно, уште потешко е тоа да се направи на здрав и правилен начин, а токму на таа тема прочитајте ги советите од нутриционистката Симона Коруновска во соработка со dm.
За повеќето работи во животот, прв чекор до успехот е да се донесе одлука дека нешто сакаме да направиме. Многумина би рекле, кога ќе ја поминеме точката на одлучување, половина од нашата работа е завршена. Самото носење одлука дека е време за промена може да направи да чувствуваме дека промената почнува да се остварува. А кога станува збор за вишокот килограми, клучен чекор е внесувањето значителни промени во начинот на исхрана. Како да го направиме тоа?
Најпрво, секогаш треба да внимаваме каков е составот на храната што ја консумираме. Тоа значи внимателно избрани масти кои се незаситени, односно здрави; потоа голем дел од секој оброк да заземаат свежото овошје и зеленчукот; внесување доволно протеин во форма на јајца, месо, риба, наут, леќа, јогурт, грав и слично; замена на рафинираните јаглехидрати со леб и тестенини направени од интегрално брашно, како и житарки од цело зрно и снегулки. Причината е едноставна – интегралните житарки изобилуваат со растителни влакна кои ни помагаат подолго време да се чувствуваме сити. Многу важно е и да пиеме доволно вода. Чувството на жед телото некогаш може да го препознае како глад и, дури и да не сме гладни, туку жедни, може да се случи да седнеме и повторно да јадеме.
Во сето ова најважно е да бидеме доследни во одлуките, но тоа не значи и целосна забрана за одредена храна. Сосема е разбирливо и посакувано повремено да изедеме и парче торта или пица и притоа да не чувствуваме грижа на совест.
Набројуваме неколку производи од dm за да се инспирирате да подготвите оброк кој ќе направи да се чувствувате сити и исполнети: интегрални житарки, леќа, макарони од леќа, наут, макарони од наут, тофу, цејлонски цимет, вегански колбаси, киноа, снегулки, маслиново масло, путери од јатки, јатки, протеински микс на семиња и интегрален леб.
Уште повеќе корисни и интересни совети на оваа тема погледнете во видеото: Како правилно да се намалат килограмите?
На сите ни е јасно дека во ова „дигитално време“, кога секој може да напише и објави што и да посака, преовладуваат безброј штетни трендови и совети за слабеење. Голем дел од тие диети не функционираат бидејќи не содржат доволно нутриенти потребни за организмот, а дел од нив имаат „јојо-ефект“, односно по завршувањето на диетата ја враќаат истата телесна тежина. Притоа ваквиот тип диети може да ве натераат да јадете храна што не ви е омилена, а со самото тоа и одвај да чекате целиот тој процес да заврши.
Симона посочува дел од најлошите совети за исхрана и диети кои треба да ги избегнувате:
– Не треба да се јадат јаглехидрати.
– Овошјето има премногу шеќер и треба да се избегнува.
– Оброкот да се замени со кафе.
– Џвакај мастика кога си гладен.
– Не вечерај.
Сакате да дознаете повеќе за штетните трендови за слабеење? Погледнете го видеото: Штетни трендови за слабеење: Зошто диетите не функционираат?
Тоа се само дел од советите кои, иако изгледаат добро, можат секого да го однесат во сосема спротивна насока од зацртаната цел. Всушност, крајната цел на здравата исхарана е да изградите здрава врска со храната, а на неа да гледате како на гориво за вашето тело.