Зошто дебелината е еден од фаталните фактори кај заболените со ковид-19

Лекарите велат дека прекумерната дебелина и ја влошила болеста и на крајот довела до фатален исход.

6,448

Грција беше шокирана од случајот со 43-годишната жена која почина од последиците на вирусот ковид-19 по престојот во одделот за интензивна нега на атинската болница „Триасио“.

Младата жена била примена во болница на 4 октомври, а набргу била поврзана за респиратор.






Грчките лекари истакнаа дека е важно да се спомене дека жената била гојазна, што е уште еден доказ дека токму тоа е факторот што може да биде фатален во случај на заболувањето од коронавирус.

Зошто дебелината може да биде фатална?

Дебелите луѓе дефинитивно потешко го поднесуваат ковид-19 бидејќи нивната тежина значително го оштетува имунитетот, отколку кај луѓето кои не се дебели, според новите студии.

Истражувачите од Универзитетот во Мичиген откриле дека луѓето кои имаат посериозен вишок на тежина имаат поголема веројатност да добијат посериозни симптоми на коронавирусот.

Главната причина е што прекумерната тежина значи дека нивниот имунолошки систем е постојано под притисок и работи на повисоки нивоа од луѓето со нормална тежина. Високо ниво на маснотии и шеќер во крвта може да предизвика оток во крвните садови и органите, што дополнително ја влошува ситуацијата ако некое лице се зарази со вирусот ковид-19.

Како резултат на тоа, кога некој ќе добие инфекција, нивниот веќе затегнат имунолошки систем е на работ на силата и реагира премногу, отколку што е случај со здрава личност.

Прекумерната реакција на телото тогаш може да предизвика сепса и фатално оштетување на органите, т.н. цитокинска бура што веќе е нашироко забележана во последната фаза на ковид.

И тоа на некој начин може да објасни зошто луѓето со прекумерна тежина се соочуваат со поголем ризик да умрат, што веќе е потврдено од многу статистички податоци ширум светот.

Д-р Дурга Сингер од Универзитетот во Мичиген, кој е и автор на студијата, рече дека макрофагите, еден вид бели крвни клетки кои се поактивни кај дебелите луѓе, може да доведат до потешка форма на коронавирусот, поради тоа на дебелите луѓе им се препорачува веднаш да ја сменат својата исхрана, како и да ја намалат својата тежина.

И други инфектолози претходно потенцираа на тоа зошто дебелите луѓе и дијабетичарите се најзагрозената група на луѓе кои можат да развијат тешки симптоми предизвикани од инфекција со коронавирусот.

– Дебелината е имунолошки активна супстанца која лачи голем број на ендокринолошки и имунолошки проинфламаторни супстанции, така што дел од нашето тело претставува добра резерва за позиционирање на голем број на заразни фактори. Постојат рецептори на „ACE2“ во масното ткиво за кои вирусот корона се врзува дури и повеќе отколку во белодробното ткиво. Па, колку повеќе масно ткиво имаме, толку се поголеми шансите да се развие вирусот – посочуваат тие.

Истото го велат и за дијабетичарите, па дури и оние кои немаат манифестација на болеста, но имаат намалена отпорност на инсулин.

– Мислам дека по оваа епидемија, многумина ќе размислат длабоко за тоа како ќе продолжат да пристапуваат кон животниот начин и да ја разберат одбраната од инфекција со промена на нивната исхрана – велат инфектолозите.

Поврзани содржини